Фолксономија
Фолксономијата (од англ. folksonomy) е систем на класификација изведен од практиката и постапките на заедничко создавање на и раководење со ознаки за прибележување и категоризација на содржините[1][2]. Оваа практика се нарекува и соработно означување[3], друштвена класификација, друштвено индексирање и друштвено означување. Поимот „фолксономија“ го измислил американскиот информатичар Томас Вандер Вал, и претсавува кованка од folks (народ) и taxonomy (таксономија).
Фолксономиите стекнале популарност на интернет околу 2004 г.[4] како дел од приложните програми за друштвено вмрежување како кај друштвеното бележење и означување лица на фотографии. Означувањето функција мошне својствена на службите на Пајажина 2.0 која на корисниците им овозможува збирно да класификување и пронаоѓање информации. Некои мрежни места имаат облаци од ознаки како начин на прикажување на ознаките во една фолксономија.[5]
Според една емпириска анализа на сложената динамика на системите за означување од 2007[6], дека постои складност во распределбата и заедничката употреба на поимите, дури и во отсуство на централно контролиран лексикон. Содржините можат да се пребаруваат само ако се категоризирани и групирани. Ова е изводливо само ако се означени со клучни зборови како во стручен напис.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Peters, Isabella (2009). „Folksonomies. Indexing and Retrieval in Web 2.0.“. Berlin: De Gruyter Saur. Надворешна врска во
|title=
(help) - ↑ Pink, Daniel H. (11 декември 2005). „Folksonomy“. New York Times. Посетено на 14 јули 2009.
- ↑ Lambiotte, R, and M Ausloos. 2005. Collaborative tagging as a tripartite network. http://arxiv.org/abs/cs.DS/0512090.
- ↑ Vander Wal, Thomas. „Folksonomy Coinage and Definition“. Посетено на 7 јули 2009.
- ↑ Lamere, Paul (јуни 2008). „Social Tagging And Music Information Retrieval“. Journal of New Music Research. 37 (2): 101–114. doi:10.1080/09298210802479284.
- ↑ Harry Halpin, Valentin Robu, Hana Shepherd The Complex Dynamics of Collaborative Tagging, Proceedings of the 16th International Conference on the World Wide Web (WWW '07), Banff, Canada, стр. 211-220, ACM Press, 2007.