Генобауд (4 век)
Генобауд или Генобавд бил крал на Франките на крајот на 4 век.
Тој многупати ги напаѓал Римјаните во римската провинција Германија а посебно во Келн помеѓу 380-390. После 388 не се споменува во историските извори со што се смета дека после таа дата веројатно бил мртов.
Историја
уреди- "Историјата" на Сулпис Александар. Епизодата се одиграла помеѓу 384 и 388 за време на владеењето на Максим.
[...] Во тоа време Франките чии војводи им беа Генобавд, Маркомир и Сунон нападнаа во Германија и кога ја освоија границата, многумина смртници беа масакрирани ; тие ги опустошија најплодните земји и направија паника во Келн. Кога веста стигна во Трир, Нанин и Квентин, водачот на војниците, кому Максим му го доверил својот син кој сè уште бил дете и одбраната против Галите, кренаа војска и се собраа кај Келн. (...) На Римјаните им беше лесно да се пресметаат со нив и многу Франки беа масакрирани во Шарбониер.
Извори
уреди- Историјата на Сулпис Александар цитирана во Историја на Франките од Григориј Турски (Книга 2, поглавје 9).
- За Генобавд не постои ниеден друг историски доказ.