Генерален секретаријат на Владата на Македонија
Генералниот секретаријат на Владата е стручна служба на Владата на Република Македонија која обезбедува
Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија | |
---|---|
Податоци за органот | |
Основан | 2000 |
Надлежност | Влада на РМ |
Седиште | Скопје |
Вработени | 299[1] (2016) |
Раководител секретаријат | Игор Јанушев (Генерален секретар) |
Мрежно место | |
Официјална страница |
логистичка – стручна поддршка на Владата во целина, на Претседателот на Владата, неговите заменици и министрите, а со цел за законито, ефикасно и транспарентно работење на Владата.[2]. Основан е во 2000 г. со Законот за Владата на Република Македонија[3] На негово чело стои генерален секретар, потпомогнат од заменик.
Сектори
уредиОрганизациската структура на секретаријатот е составена од девет сектори и едно самостојно одделение[4]. Секое од нив се занимава со извесен аспект од работењето на секретаријатот.
- Сектор за стратегија, планирање и следење, во чиј состав влегуваат Одделението за стратешко планирање и следење на спроведувањето на стратешките приоритети и Одделението за подготовка и следење на спроведувањето на годишната програма за работа на Владата.
- Сектор за анализа на политиките и координација, кој се состои од Одделение за анализа на политиките и координација во областа на политичкиот систем, економскиот систем и тековна економска политика и за човечките ресурси и одржливиот развој, Одделение за посебни комисии, Одделение за реформа на јавната администрација и Одделение за соработка со невладините организации.
- Сектор за организациони работи поврзани со работата на Владата, поделен на Одделение за организирање седници на Владата, Одделение за заклучоци и записник на Владата, Одделение за соработка со Собранието на Република Македонија и со Претседателот на Република Македонија и Одделение за логистичка поддршка на Генералниот колегиум на државни секретари.
- Сектор за економски политики и регулаторни реформи, во чиј состав влегуваат Одделението за економски политики и Одделението за регулаторна реформа.
- Сектор за кадровски работи, човечки ресурси и други стручни работи, составен од Одделение за кадровски работи, Одделение за човечки ресурси, Одделение за стручна и оперативна поддршка на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Одделение за стручна и оперативна поддршка на заменикот на претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Одделение за стручна и оперативна поддршка на министерот без ресор, Одделение за стручна и оперативна поддршка на генералниот секретар на Владата, Одделение за стручни работи, архивско и канцелариско работење и Одделение за претставки и предлози.
- Сектор за односи со јавноста, поделен на Одделение за односи со медиумите и организирање прес-конференции, Одделение за медиумско следење, анализа и истражување, Одделение за интернет комуникација и комуникација со странски медиуми
- Сектор за информатичка технологија, сочинет од Одделение за организација, планирање, проектирање и развој, Одделение за информатичка инфраструктура и експлоатација, Одделение за Веб и Мултимедија
- Сектор за општи работи, кој се состои од Одделението за општи и правни работи и Одделението за стручни и административно–технички работи
- Сектор за финансиски прашања, каде влегуваат Одделението за буџетска координација, Одделението за буџетска контрола, Одделението за сметководство и плаќања и Одделението за јавни набавки.
- Одделение за внатрешна ревизија
Генерален секретар
уредиСо Генералниот секретаријат раководи Генерален секретар на Владата кого го именува и разрешува Владата и му именува заменик и во однос на него ги има правата и должностите на функционер кој раководи со орган на државната управа. Функцијата моментално ја извршува [[Методија Димовски]]. Генералниот секретар ги има следниве надлежности[5]:
- раководи со Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата и во однос на него ги има правата и должностите на функционер кој раководи со орган на државната управа;
- обезбедува законита и ефикасна работа на Генералниот секретаријат и донесува стручни упатства и акти со кои ја уредува организацијата и начинот на работа и во согласност со закон одлучува за правата, должностите и одговорностите на вработените во Генералниот секретаријат;
- остварува соработка со Канцеларијата на Претседателот на Владата во рамките на своите надлежности;
- соработува со министерствата и со другите органи на државната управа, особено по прашањата на стратешките приоритети и анализа на политиките;
- остварува соработка со државните секретари во врска со доставување на материјалите на Владата и спроведување на заклучоците на Владата;
- во согласност со упатствата на Претседателот на Владата ги врши работите во врска со подготвувањето и организирањето на седниците на Владата;
- учествува во работата на седниците на Владата без право на одлучување и се грижи за процедуралните прашања во текот на седницата на Владата;
- се грижи и обезбедува услови за работа на работните тела на Владата;
- ги доставува заклучоците на Владата до надлежните министерства;
- се грижи за објавување на актите на Владата во „Службен весник на Република Македонија”;
- го организира подготвувањето на Годишната програма за работа на Владата;
- се грижи за извршување на обврските на Владата кон Собранието на Република Македонија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2016 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-04-18. Посетено на 2018-04-16.
- ↑ „Надлежности и организациона поставеност на Генералниот секретаријат“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2021-08-11.
- ↑ „Службен весник на Република Македонија” бр. 59/2000, 12/2003, 55/2005 и 37/2000.
- ↑ Организациони облици на Генералниот секретаријат[мртва врска]
- ↑ Генерален секретаријат на Владата на РМ - Основни информации[мртва врска]