Гевгелиско-струмички народноослободителен партизански одред

Гевгелиско-струмички народноослободителен партизански одред е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.

Гевгелиско-струмички партизански одред
Активна12 април 1944 - 24 јули 1944
БиткиНОБ

Дејност

уреди

Партизанскиот одред е формиран во близина на селото Тресино (Егејска Македонија) на 12 април 1944 година, од 32 борци од Втората македонска ударна бригада. Кон одредот се приклучува и група на раководители на БКП, меѓу кои: Благој Иванов-Коста, Павел Црвуланов и Иван Пејчев. Одредот водел борби против бугарската полиција и контрачетниците во околина на селото Коџалија и во месноста Змијарник над селото Лаки од 21 април до 2 мај, 1944 година. По преминувањето на реката Брегалница, на 3 мај се сретнал со Третата македонска ударна бригада. Одредот не можел да се врати назад бидејќи започнала Пролетната (мајска) непријателска офанзива.[1][2]

Така нивното дејствување продолжува како дел од составот Третата македонска бригада. Учествувал во сите битки на бригадата на Бистарска Планина (5 мај), Црноок во Србија (6 мај), за да си пробие пат кон Црна Трава. Одредот учествува и во борби на Станкин Крст, Знеполе, Осоговски Планини, Омар, Голак, на Струмичкиот рид и во Новомалинска Планина. Влегува во состав на Осоговската оперативна група и води борби на врвот Лисец и во месноста Обозна меѓу 20-27 мај, со задача да се пробие во егејскиот дел на Македонија.[2] На 27 мај, 1944 година со наредба на Главниот Штаб на НОВ и ПОМ, одредот се одделил од составот на Осоговската оперативна група и останал да дејствува во реонот околу Струмичко, Радовишко, Штипско и Кочанско, а на 24 јули 1944 година влегува во состав на Четвртата македонска ударна бригада.[1][2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 341.
  2. 2,0 2,1 2,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 124. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)