Гвантанамо (покраина)

(Пренасочено од Гвантанамо (провинција))

Гвантанамо (шпански: Provincia de Guantánamo) е најисточната покраина на Куба. Нејзин главен град е Гвантанамо. Друг поголем град е Баракоа. Покраината ја заобиколува важната поморската база на САД во заливот Гвантанамо.

Гвантанамо
Provincia de Guantánamo
Покраина во Куба
ЗемјаКуба
Админ. центарГвантанамо
Површина[1]
 • Вкупна6.164,47 км2 (238,012 ми2)
Население (31 дек 2010)[1]
 • Вкупно510.863
 • Густина0,83/км2 (2,1/ми2)
Час. појасEST (UTC-5)

Архитектурата и културата на Гвантанамо не е иста како во останатиот дел од Куба. Покраината е само 80 км од Хаити, нејзината најблиска точка преку Виндвардскиот Премин, и доволно блиску за да навечер се видат светлата од светилниците во Хаити. Гвантанамо исто така има и голем број имигранти од Јамајка, што значи дека многу згради се споредливи со оние од Францускиот Кварт на Њу Орлеанс во Луизијана.

Планините Нипе-Сагва-Баракоа доминираат во покраината, притоа делејќи ја климатски и географски. Северниот брег е највлажниот дел од земјата, додека на југ е најтоплиот дел. Северот се одликува со дождовни шуми, додека југот е неплоден и има многу кактуси.

Општини

уреди
  1. Баракоа
  2. Гвантанамо
  3. Ел Салвадор
  4. Имијас
  5. Јатерас (Паленке)
  6. Кајманера
  7. Мајси (Ла Макина)
  8. Мануел Тамес
  9. Нисето Перес
  10. Сан Антонио дел Сур

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Lugar que ocupa el territorio según la superficie y la población“ (PDF). Una MIRADA a Cuba. Oficina Nacional de Estadísticas. Cuba. 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-03-11. Посетено на 2013-02-15.