Гасматански сауропод
Гасматански сауропод (англиски: Gasmata Sauropod) или сауропод од Нова Британија (New Britain Sauropod) е криптид кој наводно живее на островот Нова Британија и соседните помали острови.
Вид | криптид |
---|---|
Подвид | "Жив диносаурус" |
Подрачје | Папуа Нова Гвинеја |
Живеалиште | островот Нова Британија и соседните помали острови |
Опис на гасматанскиот сауропод
уредиВо креационизмот
уредиСпоред зборовите на креационистите гасматански сауропод е еден од доказите за постоења на живи диносауруси. Тие го опишуваат како суштество кое наликува на диносауруси од групата Сауроподи.
Хронологија на средби со ова суштество и видувања
уреди- Една од најраните средби со гасматански сауропод наводно се случила во 1995 година покрај малиот остров Анбунги (близу островот Нова Британија). Локален рибар во својот лов под вода се сретнал со суштество кое личело на сауроподски диносаурус со должина од околу 6 метари. Кожата на оваа суштество била во кафеава боја[1];
- Следна средба наводно се случила во 1997година[1]. кога двајца сведоци здогледале големо суштество слично на сауроподски диносаурус како плива во морето помеѓу островите Анбунги и Маленго;
- Следно видување наводно се случило во 1999 година на островот Нова Британија. Сведок на овој настан опишал дека во близина на една плантажа на југот на островот здогледал суштество слично на сауроподски диносаурус со должина од околу 3 метри. Имало мазна црвенкасто- кафеава кожа на грбот и бела кожа на стомакот[1];
- Во 2004 година наводно е видено суштество сличнона сауроподски диносаурус како плива во морето покрај островот Гасмата[1];
- Во 2005 година наводно е видено суштество слично на сауроподски диносаурус како плива во морето покрај острвот Дилило[2];
- Во 2007 година на брегот на островот Анбунги видено е суштество слично на сауроподск диносаурус како се одмара на брегот. Кожата на ова суштество била кафеава по боја и слична на кожата на крокодилот[1].