Галин Иванов

Галин Стефанов Иванов (роден на 15 април 1988 година во Казанлак, Бугарија), е бугарски фудбалер кој во моментов игра во првата бугарска фудбалска лига за тимот на Литекс Ловеч.

Галин Иванов
Galin Ivanov
Galin ivanov 2013.jpg
Лични податоци
Роден на 15 април 1988 (1988-04-15) (32 г.)
Роден во Казанлак, Бугарија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Литекс Ловеч
Број 77
Младинска кариера
Левски Софија
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2007 Левски 1 (0)
2006-2007 Берое 25 (1)
2007-2011 Славија Софија 83 (10)
2011Арминиа Билефелд (позајмен) 8 (0)
2012- Литекс Ловеч 6 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 јануари 2012

КариераУреди

Галин Иванов најчесто игра како десен надворешен играч (десно крило), но може да игра и на левата страна. Во 2005 година Петко Петков го привлекува во Левски Софија и тој станува републикански шампион за младинци на негова возраст за сезоната 2005/06. По крајот на сезоната Петков ја презема Академијата на Литекс, а на Галин не му е предложен професионален договор и тој оди во тимот на Берое. Дебито во А група го прави на 5 август 2006 година во средбата Марек - Берое која завршила 1:1. Неговиот прв гол во елитата е во вториот круг на 12 август 2006 во средбата Берое - Родопа см ., која завршува со резултат 2:1 за неговиот тим. Во следната сезона испаѓа од лигата со тимот, а во летната пауза на сезоната 2008/09 Стевица Кузмановски го привлекува во Славија (Софија). Во летото 2011 година е пред трансфер во ЦСКА (Софија), но двата клуба не се разбираат и Иванов иако малку неочекувано преминува во германскиот Арминиа Билефелд, кој се натпреварува во тоа време во втората Бундеслига. Договорот кој го потпишува му е за 6 месечна позајмица + 2,5 година договор со право на откуп. Условот е тимот да го задржи своето место во групата. Во тој период Иванов пропушта многу мечеви поради повреда, а освен тоа неговиот тим испадна во третиот ешелон на германскиот фудбал и летото се враќа во Славија. Во декември 2011 година е купен од страна на актуелниот бугарски шампион, Литекс за да го заземе местото на продадениот бразилец Том.

ЛитексУреди

По доаѓањето во Литекс во зимскиот преоден рок тој чекаше околу два месеци на своето деби, затоа што пролетниот дел од првенството во Бугарија продолжува во месец март. Своето деби го има на 3-ти март 2012 против екипата на Видима, кога почна во стартните единаесет но во 68-ата минута беше заменет од страна на Армандо Вајуши.

Надворешни врскиУреди