Галерија на икони (Штип)

музеј на икони во Штип

Галерија на икони - Штипмузеј на икони во црквата „Св. Никола“ во градот Штип.[1]

Галерија на икони
Црквата „Св. Никола“ во која е сместена галеријата
Карта
Основан1990
МестоШтип, Македонија Македонија
Типдуховен
Фондикони, црковни предмети

Галеријата е отворена во 1990 г. и во неа се собрани голем дел од иконописните творби од Брегалничкиот регион од XVII до XIX век, како и ретки и стари црковни книги, сребрени крстови и метални путири и други вредни црковни предмети. Во јужниот дел на галеријата има 29 икони од XVIII и XIX век од зографите Џико од Осој, Константин и Петар Новеви од Тресонче, Крсте Зограф од Велес, Адамче Најдов и други. Меѓу тие икони се издвојуваат „Природата на Исус“, „Света Троица“ и „Свети Јован со житие“. Во западното крило на галеријата има 32 икони, од кои повеќето се од XIX век. Меѓу авторите на овие икони се Данило Коцев од Штип и Станислав Доспевски од Самоков, а поважни се „Исус Христос“, „Свети Никола“, „Света Богородица“. Во северниот дел има 31 икона — ремек-дела на Петар Новев, Исаија Џиков и Константин Андонов, а највеќе се издвојуваат „Свети Симеон“, „Свети Мина“ и „Крштевањето на Исус“. На северниот дел од иконостасот има 16 икони.[1]

На главниот иконостас на црквата има 67 икони, од кои повеќето се изработени во 1890 г. од истакнатиот мајстор Димитар Андонов Папрадишки. Освен иконите, изложени се и псалми печатени во XIX век во Москва, минеи и евангелија. Во галеријата се изложени и неколку венчални круни од XIX век и други црковни предмети — сребрени путири, лажици, крстови, кандила и одежди.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Галерии на икони“. Општина Штип. Архивирано од изворникот на 2016-11-03. Посетено на 2022-01-19. Занемарен непознатиот параметар |access= (се препорачува |access-date=) (help); Недостасува права црта во: |access= (help)