Гаве Лазаревски
Гаве Лазаревски (Леуново, Гостиварско, 1906 - Леуново, Гостиварско 1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.[1]
Гаве Лазаревски | ||
Роден | 1906 година Леуново, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | летото, 1943 година Леуново Стрелан од страна на фашистите | |
Народност | Македонец |
Животопис
уредиКако и другите негови соселани, многу рано ги запознал сите маки и голготи на сиромаштијата и печалбарството. Токму затоа активноста на неговиот син Лазар Лазаревски во народноослободителното движење не му била туѓа, туку напротив, го поттикнувал, самиот да се вклучи во неа. Тој бил меѓу првите повозрасни селани кои му пристапил на народноослободителното движење. Долго време работел како илегален одборник, па подоцна и како партизански курир. Често пати вршел мноrу задачи на прибирање храна, оружје и друго. Во летото 1943 година, вршејќи курирска работа и незнаејќи дека селото е блокирано од италијанските фашисти и од балистите заедно со партизанот Момир Марковски од Никифорово упаѓаат вооружени во селото. Тогаш двајцата биле фатени и стрелани пред своите куќи и пред очите на своите семејства.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Синадиновски, Јаким; Груевски, Зоге (1976). Трите мавровски села. Скопје: Заедница на научните дејности. стр. 272.
- ↑ „Гаве Лазаревски, Гостивар“. www.cartogiraffe.com. Посетено на 2023-01-03.