Габрешки манастир
Габрешки манастир — манастир во северниот дел на Македонија, во селото Габреш.
Влезната порта на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Габрешки манастир |
Други имиња | Манастир „Св. Петка“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 24 октомври 2004 |
Посветен на | Света Петка |
Епархија | Кумановско-осоговска |
Цркви | Црква „Св. Петка Долна“ Црква „Св. Петка Горна“ Црква „Св. Недела“ Црква „Покров на Пресвета Богородица“ |
Личности | |
Основач (и) | Стоја Велковска |
Место | |
Место | Габреш, Општина Куманово Македонија |
Координати | 42°0′0″N 21°51′36″E / 42.00000° СГШ; 21.86000° ИГД |
Видливи остатоци | четири цркви, чешма, конаци, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Клечовска парохија) |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа во јужниот дел на атарот на селото и до него се стигнува преку асфалтен пат.[1]
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат четири цркви, чешма, конаци, крстилница и помошни објекти.[2]
Црква „Св. Петка Долна“
уредиЦрквата веројатно е изградена на местото на малата срушена селска црква, која била подигната по Првата светска војна.[1]
Црква „Св. Петка Горна“
уредиЦрквата е изградена на едно мало возвишение пред самиот манастир.
Црква „Св. Недела“
уредиНајновата црква во манастирскиот комплекс.
Црква „Покров на Пресвета Богородица“
уредиЦрквата е сместена во манастирскиот двор, заедно со црквата „Св. Петка Долна“.
Конаци
уредиМанастирот поседува нови конаци.
Историја
уредиСпоред монографијата на манастирот, истиот постоел уште во XVI век.[3]
Изградбата на манастирот започнала на 24 октомври 2004 година од страна на Стоја Велковска, која добила благослов за изградбата на митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил.
Манастирот бил осветен на 24 април 2009 година од страна на тогашниот митрополит Полошко-кумановски г. Кирил.[4]
Галерија
уреди-
Манастирска чешма
-
Манастирските конаци
-
Бунар
-
Манастирскиот двор (долу)
-
Крстилницата
-
Манастирскиот двор (горе)
-
Манастирска чешма
-
Поглед на трпезаријата
-
Трпезаријата
-
Еден од крстовите
-
Крст посветен на Света Петка
-
Фурна
-
Крст посветен на Свети Петар и Павле
-
Помошен објект
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 156.
- ↑ Георгиевска, Елена (16 април 2023). „Манастирски комплекс го врати животот во Габреш“. Македонска телевизија. Посетено на 17 ноември 2023.
- ↑ „Промовирана книгата за манастирот Света Петка“. KumanovoNews. Посетено на 2023-11-17.
- ↑ „Осветување на црква на света Петка во Габреш (кумановско)“. www.mpc.org.mk. Посетено на 2023-11-17.
Надворешни врски
уреди- Габрешки манастир на Ризницата ?