Вучеви Ливади (Сарчиево)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Вучеви Ливади

Карта

Местоположба 41°43′42″N 22°04′03″E / 41.72833° СГШ; 22.06750° ИГД / 41.72833; 22.06750
Основни податоци
Место Сарчиево
Општина Штип
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Вучеви Ливадиархеолошко наоѓалиште во штипското село Сарчиево. Претставува населба од доцноантичкото време. Се наоѓа на 2 км југозападно од селото и 1 км десно од патот Штип-Велес, на блага падина во подножјето на Ежов Рид. На површина од 100 × 50 м, со длабокото орање за лозов насад од страна на ЗИК „Црвена ѕвезда“, погон Три Чешми, во 1978 година се уништени темели од повеќе објекти. Покрај многубројниот градежен камен, варов и хидростатичен малтер, тегули и имбрекси, на површината биле исфрлени и големи делкани блокови од камен, делови од стебла на столбови и бази од сивкав и црвеникав камен. Голем е бројот на фрагменти од керамички и стаклени садови, а најдена е и монета од Валентиниј. Пред десетина години теренот бил сопственост на Ангел Панов кој доста често наоѓал монети, главно од Константин I. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Штип.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 440. ISBN 9989649286.