Перничеста лава
Перничеста лава (англиски: Pillow lava) – лава со специфична перничеста структура која ја добила со екструзија на лава под вода, односно со субакватична екструзија. Перничестите лави во вулканските стени се јавуваат во дебели секвенци на дисконтинуирани маси со перничест облик, обично со димензии од околу 1 метар. Го градат највисокиот дел на вториот слој на нормална секвенца на океанската кора.
Состав
уредиПерничестите лави главно имаат базалтен состав иако се познати и перничести лави со коматитски, пикритски, бонинитски, андезитски, па дури и дацит[1][2][3][4]. во општ случај, колку е покисела магмата, перничестите лави имаат поголеми димензии заради поголемата вискозност на лавата.
Појавување
уредиПерничестите лави се јавуваат на сите места каде базичните или интермедијарните лави се изливаат на морското дно, а тие места можат да бидат вериги на подморски вулкани над врелите точки или конструктивните граници на плочите на средеокеанските гребени. Во текот на формирање на нова океанска кора, во центарот на ширење се исфрлаат дебели секвенци од перничеста лава, кои се хранат со магмата од дајковите кои го поврзуваат морското дно и огништето на магмата. Перничестите лави и со нив поврзаниот комплекс паралелни дајкови, градат дел од класичната офиолитска секвенца во случка на обдукција на океанската кора на континенталната кора.
Постоењето на перничести лави во најстарите вулкански секвенци на Земјата го потврдува и постоењето на големи маси вода на Земјината површина во раниот архаик. Перничестите лави генерално се користат за потврда на субакватичниот вулканизам во метаморфните појаси.
Перничестите лави исто така се јавуваат како производи на подледничките вулкани во раните фази на ерупциите.[5][6].
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ McCarthy, T. & Rubidge, B. 2008. The story of earth and life, Chapter 3, The first continent. 60-91, Struik Publishers Архивирано на 7 април 2009 г., Посетено на 23. 4. 2013.
- ↑ Fang, N. & Niu, Y. 2003. Late Paleozoic ultramafic lavas in Yunnan, Southwest China and their geodynamic significance. Journal of Petrology 44, 141-158.
- ↑ Kuroda, N., Shiraki, K. & Urano, H. 1988. Ferropigeonite quartz dacites from Chichi-jima, Bonin Islands: Latest differentiates from boninite-forming magma, Contributions to Mineralogy and Petrology, 100, 129-138.[мртва врска]
- ↑ Walker, G.P.L. 1992. Morphometric study of pillow-size spectrum among pillow lavas, Bulletin of Volcanology, 54, 459-474.[мртва врска]
- ↑ Introduction to geology and geodynamics of Iceland, R.G. Trønnes, Nordic volcanological Institute, University of Iceland
- ↑ Scientists Study 'Glaciovolcanoes,' Mountains of Fire and Ice, in Iceland, British Columbia, US ScienceDaily, Apr. 23, 2010