Вуковарска Ада (српскохрватски: Vukovarska ada / Вуковарска ада) ― спорен остров односно средорек на реката Дунав. Се наоѓа во близина на градот Вуковар, Хрватска.

Вуковарска Ада
Вуковарска ада/Vukovarska ada
Вуковарската Ада
Географија
МестоДунав
Координати45°20′50″N 19°01′48″E / 45.34722° СГШ; 19.03000° ИГД / 45.34722; 19.03000
Вкупно острови1
Должина3.800 м
Ширина595 м
Држава
ДржаваВуковарско-сремска жупанија, Хрватска
Дополнителни податоци
Средорекот е одржуван од Спортско-рекреативното друштво „Дунав“ од Вуковар.

За време на постоењето на СФР Југославија островот бил дел од СР Хрватска. Во 1991 година Хрватска прогласила независност. Мислењето на Бадентеровиот арбитражен комитет било дека границите меѓу републиките треба да станат граници меѓу земјите,[1] но тој бил под српска контрола како и другите делови на Источна Славонија, Барања и Западен Срем (источна Хрватска) во тоа време. Во Хрватската војна за независност, Југословенската народна армија и српските паравоени сили го зазеле островот. По Ердутскиот договор во 1998 година, Источна Славонија, Барања и Западен Срем биле повторно споени со Хрватска, но Вуковарската Ада била оставена под контрола на СР Југославија, како и Шаренградската Ада

Во 2004 година Србија и Црна Гора во голема мера ја повлекла својата војска од островот,[2] но полицијата целосно ја презела граничната контрола во 2006 година.[3]

Во 2006 година, плажите на островот беа отворени за јавноста за прв пат по војната. [4] Островот го одржува вуковарското Спортско рекреативно друштво Дунав. На хрватските граѓани, за прв пат по 16 години, им било дозволено на островот без пасоши или гранични дозволи. Овој граничен режим се применува во текот на летните месеци (до 15 септември) од 7 до 20 часот.[4]

Еден дел од мировните договори бил краткорочниот договор дека Хрватска ќе го контролира западниот дел, а СР Југославија (Србија) источниот дел на Дунав.[5] Службениот српски став е дека мислењето на Бадентеровиот арбитражен комитет е неважечко и дека овој краткорочен договор меѓу Хрватска и Србија треба да биде идната граница меѓу државите, така што Вуковарската Ада е дел од Србија бидејќи е поблиску до српскиот брег.[6]

Во изјава за хрватскиот дневен весник „Novi list“ во февруари 2012 година, тогашниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ, рекол дека на двете земји им треба флексибилно решение за граничните спорови на реката Дунав, кое ќе биде комбинација од решенијата предложени од двете земји.[7] Хрватскиот претседател рекол дека какво и да е усвоеното решение, би било добро Вуковарската Ада на крајот да остане на хрватската страна на границата.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Decision of Badinter committee Архивирано на 20 февруари 2005 г., ejil.org; пристапено на 26 февруари 2023.
  2. „Uskoro trajekt Vukovar - Bač“ (српски). Prosvjeta. 2005. Архивирано од изворникот на 2012-02-08. Посетено на 26 февруари 2023. Na sastanku je, pored ostalog, postavljeno i pitanje ko iz SCG kontroliše granicu sa Hrvatskom. Bogunović je rekao da vojska to ne čini već više od dve godine, a na njihovom mestu je policija Bača na razdaljini od oko 40 kilometara i Centar za carinu u Bačkoj Palanci.
  3. „Srpska vojska povukla se s granice s Hrvatskom“. Jutarnji list (хрватски). 30 октомври 2006. Архивирано од изворникот на 2016-04-24. Посетено на 26 февруари 2023.
  4. 4,0 4,1 Vukovarska Ada nakon 16 godina otvorena za kupanje, dnevnik.hr; пристапено на 26 февруари 2023. (на хрватски)
  5. Map of island and provisional deal in Croatian Архивирано на 10 септември 2008 г., vjesnik.hr; пристапено на 26 февруари 2023.(на хрватски)
  6. [1] Архивирано на 22 јануари 2016 г. Serbian rejection of Badinter Arbitration Committee decision], novosti.rs; пристапено на 26 февруари 2023.(на српски)
  7. 7,0 7,1 „HR za fleksibilno rešenje granica“. B92.net. 29 февруари 2012. Посетено на 26 февруари 2023.