Втор конгрес на НОМСМ

Втор конгрес на НОМСМ (Народноослободителен младински сојуз на Македонија) ― конгрес одржан од 6 до 8 јануари, 1945 година во ослободено Скопје. [1][2]

Учесници

уреди

На Конгресот присуствувале голем број делегати од трите делови на Македонија, претставници на антифашистичката младина на балканските земји: Албанија, Грција и Бугарија, на Советската младина, младината од федералните единици на Демократска Федеративна Југославија,[1] како и претставници на англиската воена мисија.[3]

Биле поднесени три реферати, а пред младината тој ги поставил следните задачи:[1]

  • организационо доградување и јакнење на НОМСМ, преку формирање на одбори на НОМСМ, на оние места каде не биле сè уште формирани. Разни форми на дејствување и основање на разни секции
  • организирање на аналфабетски, санитетски и други курсеви
  • формирање на работни чети и бригади и нивно вклучување во обновата и изградбата на разурнатите села и градови.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 118–119. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. „НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН МЛАДИНСКИ СОЈУЗ - Македонска Енциклопедија“. 2021-10-23. Архивирано од изворникот на 2021-12-26. Посетено на 2021-12-26.
  3. „НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Скопје почнал 2. конгрес на македонската антифашистичка младина со 1.000 делегати од Егејска и од Пиринска Македонија“. Denesen.mk. Посетено на 2021-12-26.

Литература

уреди
  • Владо Иваноски, Активноста на СКОЈ и Народната младина на Македонија за време на НОВ, 1941–1945, посебно издание, Скопје, 1980
  • Д-р Симо Младеновски, Младината од Македонија во НОБ, Скопје, 1983