Прв конгрес на НОМСМ
Прв конгрес на НОМСМ (Народноослободителен младински сојуз на Македонија) ― конгрес одржан на 22 декември, 1943 година во Фуштани, егејскиот дел на Македонија.[1]
Учесници
уредиНа Конгресот присуствувале околу 280 делегати од целата територија на Македонија, од единиците на младата Македонска војска, потоа делегати од албанската, грчката и бугарската младина, делегатот на Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ - Светозар Вукмановиќ-Темпо, како и целокупното партиско и воено раководство на Македонија и членовите на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ.[1]
На Конгресот во Фуштани бил конституиран Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ) и избран негов Главен одбор од 25 члена. Била донесена одлука за вклучување на НОМСМ во составот на УСАОЈ ѝ биле донесени два реферата, усвоена Резолуција за црните задачи на младината на Македонија, упатен бил ѝ Проглас до младината на Македонија. Со изборот на Главниот одбор на НОМСМ завршил процесот на конституирање на антифашистичката младина на Македонија.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди