Вронденска Клисура
Вронденска Клисура (грчки: Φαράγγι Παλιάς Βροντούς) — клисура во Катеринско, Егејска Македонија.[1]
Вронденска Клисура | |
---|---|
Φαράγγι Παλιάς Βροντούς | |
Црквата „Св. Троица“ во клисурат | |
Должина | 5,5 км |
Геологија | |
Вид | клисура |
Географија | |
Местоположба | Катеринско, Егејска Македонија |
Земја | Грција |
Координати | 40°08′52″N 22°22′50″E / 40.1478° СГШ; 22.3805° ИГД |
Река | Порос |
Описание
уредиКлисурата се наоѓа на местото каде реката Порос излегува од Олимп, близу остатоците од селото Старо Вронду. Клисурата има насока североисток – југозапад и долга е 5,5 км до месноста Катранарија. Почнува на околу 800 и се спушта до 400 м.н.в. На излезот од клисурата доминира малата црква „Св. Троица“, изградена на вертикална карпа над потокот, и е единствениот остаток од истоимениот манастир од XVI век. По оваа црква теснецот се нарекува и Светотроичка Клисура, а по друг параклис се нарекува и Клисура на Светите Архангели.[1]
На многу места проаѓањето низ клисурата е доста тешко бидејќи има мали водопади и езера кои можат да ги преминат само истражувачи со соодветна опрема. Клисурата има впечатливи карпести образби. Во околината има мноштво пештери — Пентастомо, Марова Ќелија, Цапурнија, Полето на Сакис, Кстенија, Кутра.[1]
Над клисурата оди патеката наречена „Патот на разбојникот“, која почнува од планинарскиот дом „Креватија“ на 1.008 м, минува крај потокот кај месноста Катранарија, а потоа низ месноста Папа Алони, па завршува по 3 часа во легендарната месност Клефтовриси, каде во 1925 г. по долга битка е убиен прочуениот разбојник Фотис Јанкулас.[1]
Клисурата е прекриена со густа крајречна шума со врби, чинари, ели, јавори, дабови, смреки, прнари и црвени костени, а малку повисоко има шуми од црн бор. Се среќаваат десетици исклучително ретки и ендемски видови на цвеќиња.[1]