Временската порта
„Временската порта“ (италијански: La Porta del Tempo) — роман за деца од италијанскиот писател Пјердоменико Бакаларио, првично објавен во 2004 година.
Содржина
уредиВо неа се раскажува за животот на Џејсон и Џулија, единаесетгодишни близнаци. Тие се преселуваат во Колкот Клуб, мирно селце во Корнвол. Таму ќе се спријателат со соседот Рик. Заедно се забавуваат истражувајќи ја нивната огромна куќа. Набргу ќе наидат на една врата скриена зад орман, која никако не успеваат да ја отворат. Зошто некој сакал да ја скрие? Децата се решителни да ја откријат мистеријата, по секоја цена.
Романот се состои од 23 глави:[1]
- Изгребаната порта
- Провев
- Угорница
- Во куќата
- Мапа
- Капење в море
- Отвор
- Во завојот
- Библиотека
- Зад орманот
- Во Килмов Коув
- Секавици
- Премолчени нешта
- Касмет
- Онаму каде што сè започнува и завршува
- Темни скали
- Малиот капетан
- Горе
- Долу
- Во пештерата
- Последниот дневник
- Кон пристаништата од соништата
- Чувар на прагот
Изданија на македонски јазик
уредиРоманот бил објавен на македонски јазик во 2011 година, од страна на издавачката куќа „Просветно дело“. Книгата, со димензии од 20 сантиметри, има 224 страници. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-0-0944-0. Преводот од италијански јазик го извршила Бранка Николовска, лектирата ја направила Лорета Шкиљевиќ, а компјутерската обработка - Миодраг Алексовски. Книгата била отпечатена во печатницата „Коста Абраш“ од Охрид.[2]