Вратило (гимнастика)
Вратило[1][2] — гимнастичка справа во облик на тркалезна челична шипка, закачена на два столба[3] на висина од 225 од подот. ↓ б1 Притоа, еластичната попречна шипка е долга 240 см и нејзиниот пречник изнесува 2,8 см.[4]
На вратилото гимнастичарите[5] ја изведуваат истоимената вежба во која изведуваат поврзани и чисти елементи на нишање при кои не смеат да ја допрат шипката со телото. Гимнастичарот мора да покаже промени во неговиот фат за време на изведбата, замавнувачки движења напред и назад, елементи на лет при кои ја ослободува и повторно ја фаќа шипката. Доскокот од справата е важен дел од севкупната изведба и го претставува последниот составен дел на вежбата. Скокот има акробатски обележја.[6]
Вратилото е шеста, последна справо во гимнастичкиот повеќебој. Се нарекува и „кралска дисциплина“ бидејќи вежбите кои се изведуваат на неа се многу привлечни.[7] Така, во летечките делови на вежбата, гимнастичарите можат да достигнат висина од 5 метри.[7] За особените промени во стисокот за време на вежбите, потребна е флексибилност на рацете и рамениот појас.[8]
Историја
уредиВратилото во своите изведби го користеле акробатите во Стара Грција и Рим и во средниот век.[9] Во гимнастичкиот спорт го вовел Јохан Кристоф Фридрих ГутсМутс во неговата книга Gymnastik für die Jugend (Гимнастика за младите) од 1793 година, што го вдахновило Фридрих Лудвиг Јан понатаму да го развива.[10]
Белешки
уреди↑б1 Некаде се наведуваат и 260[7] или 275 сантиметри[8] додека брошурата Apparatus Norms на Меѓународната гимнастичка федерација (FIG-a) наведува 278 сантиметри, ако се вклучи струњачата од 30 сантиметри.
Наводи
уреди- ↑ „вратило“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „вратило“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Objašnjenje pojma prȅča na stranicama Hrvatskog jezičnog portala: http://hjp.znanje.hr/index.php?show=search_by_id&id=eVhiWRc%3D&keyword=pre%C4%8Da (pristupljeno 3. siječnja 2018.)
- ↑ Natuknica preča ili vratilo u mrežnom izdanju Proleksis enciklopedije: http://proleksis.lzmk.hr/42532/ (pristupljeno 3. siječnja 2018.)
- ↑ Natuknica športska gimnastike u mrežnom izdanju LZMK Hrvatske enciklopedije: http://www.enciklopedija.hr/natuknica.aspx?id=59860 (pristupljeno 3. siječnja 2018.)
- ↑ Članak "Općenito o MSG" (Muškoj športskoj gimnastici) na stranicama Hrvatskog gimnastičkog saveza: http://hgs.hr/opcenito-o-msg/ (pristupljeno 3. siječnja 2018.)
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Razgovor s Marijom Možnikom pod nazivom "Mario Možnik: Sve svoje uspjehe posvećujem bratu", objavljeno 26. travnja 2016. na Erste Svijet: http://erstesvijet.bankarenje.hr/tag/gimnastika/ Архивирано на 4. siječnja 2018.. (pristupljeno 3. siječnja 2018.)
- ↑ 8,0 8,1 Marija Fišter. "Gimnastika za sve – članica Međunarodne gimnastičke federacije", Sveučilište u Zagrebu, Kineziološki fakultet: Zageb, rujan 2015., str. 13, dostupno u PDF izdanju na https://repozitorij.kif.unizg.hr/islandora/object/kif%3A70/datastream/PDF/view (pristupljeno 3. siječnja 2018.)
- ↑ Horace Butterworth. "The Horizontal Bar", 1902., str. 5, dostupno na Google knjigama: https://books.google.hr/books?redir_esc=y&hl=hr&id=O95AAQAAIAAJ&pg=PA5&sig=ACfU3U1rnvPp8B0f3qHkSzy5UGJdj8fo4g&focus=searchwithinvolume&q=acrobats
- ↑ John Goodbody. "The Illustrated History of Gymnastics". London: Stanley Paul & Co. 1982., str. 11–18. ISBN 0-09-143350-9