’Рбетен столб (човек)

’Рбетниот столб' (научно: columna vertebralis) — дел од скелетот на човекот. Него го сочинуваат 33-34 куси коски или прешлени (vertebrae).

Видови пршлени

уреди

Прешлените се делат на :

  • 7 вратни (vertebrae cervicales),
  • 12 градни(vertebrae thoracicae),
  • 5 слабински (vertebrae lumbales),
  • 5 крстни (vertebrae sacrales)
  • 4-5 тртички (vertebrae coccygae).

Првите 24 прешлени слободни и подвижни, додека последните 9-10 меѓу себе се сраснати во две коски и тоа крстна коска (os sacrum) и тртичка коска (os coccygis). На прешлените се разликуваат заеднички и посебни особини.

Заеднички особини

уреди
 
Коски на ‘Рбетниот столб

На секој прешлен се разликуваат следните делови:

  1. Прешленско тело - (corpus vertebrae) обично е со валчеста форма. На него се разликуваат две страни, горна и долна. Идејќи од горе надолу телата на прешлените се наголемуваат бидејќи тие ја носат тежината на човечкото тело.
  2. Прешленски лак - (arcus vertebrae) се протега од телото наназад и ограничува со него ’’’прешленски отвор’’’ (foramen vertebrale).
  3. Израстоци на прешленот - зрастоци на прешленот’’ служат за поврзувајне на мускули и за меѓусебно зглобување на прешлените. Тие се три парни и еден непарен: напречен израсток (processus transversus) што се протега бочно од обете страни на телото, горни и долни зглобни исрастоци (processus articulares superiores и processus articulares inferiores) за меѓусебно зглобување на прешлените и напречен шилчест израсток (processus spinosus), насочен наназад.

Видови прешлени

уреди

Вратни прешлени (vertebrae cervicales)

уреди
 
Вратни прешлени
 
Вратен прешлен

Вратните прешлени се разликуваат од другите со својот бочен израсток кој поседува кружен отвор за вертебралната артерија. Нанеговото тело е помало во споредба на др прешлени. Од вратните прешлени по надворешна форма се разликуваат првиот и вторио. Првиот е наречен носач или атлас (atlas). Тој нема тело туку е составен од преден и заден лак меѓусебно споени со бочни маси. Бочните маси носат зглобни површини и тоа по една горна за зглобување со тилната коска и по една долна за зглобување со вториот вратен прешлен. Вториот прешлен наречен свртувач (axis) поседува тело, но на неговата горна страна се наоѓа заб (dens)за зглобување на предниот дел од атласот.

Градни прешлени (vertebrae cervicales)

уреди
 
Градни прешлени
 
Граден прешлен

Главна одлика на градните прешлени со зглобните површини што се наоѓаат на бочните страни од телото за зглобување со ребрата.

Слабински прешлени (vertebrae lumbales)

уреди

Тие поседуваат масивно тело, а напречните израстоци се долги и претставуваат остатоци од закржлаени ребра. Петтиот лумбален прешлен со своето тело е издаден од карличната празнина и заедно со крстната коска формираат испакнатост (promontorium).

Крстни прешлени (vertebrae sacrales)

уреди

Крстните прешлени меѓусебно се сраснати и градат единствена крстна коска (os sacrum). Таа е триаглеста со врв насочен надолу , а базата е зглобена со петтиот лумбален прешлен. Коската целосно е свиткана нанапред . Предната -мазна страна е карлична и свртена кон карлицата. На не а се забележуваат карлични сакрални отвори за премин на нерви. Задната е рапава а исто така поседува и надолжни коскени гребенипредизвикани од сраснатите зглобни израстоци. Меѓу гребените се забележуваат задни сакрални отвори. Бочно крстната коска носи по една зглобна површина налик на уво (facies auricularis) за зглобување со карличната коска.

Тртички прешлени (vertebrae coccygeae)

уреди

Тртичките прешчени меѓусебно сраснати градат единствена тртничка коска (os coccygis) зглобна со врвот од сакрумот.

’Рбетниот столб како мотив во популарната култура

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди