Во потрага по Шугармен (филм)
Во потрага по Шугармен е документарен филм на шведскиот режисер Малик Бенџелул, добитник на наградата „Оскар“.
Факти за филмот
уредиФилмот „Во потрага по Шугармен“ е првиот филм на шведскиот режисер Малик Бенџелул, кој во 2013 година ги освоил наградата „Оскар“ и наградата на БАФТА за најдобар долгометражен документарен филм. Филмот е посветен на американската фолк-рок легенда од 1970-тите Сиксто Родригес - Шугармен.[1]
Содржина
уредиДејството на филмот се одвива на релацијата Детроит - Кејптаун - Лос Анџелес, следејќи ги трагите кои водат до Сиксто Родригес, човекот кој на почетокот на 1970-тите снимил два албума со фолк-рок-музика, кои не успеале да го привлечат вниманието на публиката во САД, но стекнале огромна популарност во Јужна Африка. Но, неговата популарност останала органичена на јужноафриканското подрачје, така што Родригес бил заборавен. Екипата која го снимила филмот го пронашла Родригес во Детроит, каде што тој живее како повлечен семеен човек, пензиониран градежен работник. Така, тој на возраст од 70 години дознава за својата слава во Јужна Африка, каде што неговите плочи достигнале дијамантски тиражи. Заедно со екипата на филмот, Родригес заминува за Кејптаун, каде се појавува пред своите бројни обожаватели.[2][3]
Последиците на филмот
уредиОткако филмот ја добил наградата „Оскар“, повторно се појавил интерес за музиката на Шугармен, кој станал голема светска ѕвезда, чии албуми се искачиле на врвот на топ-листите, а концертните промотори плаќале стотици илјади долари за да обезбедат негов концертен настап.[2]