Војќех Тиќињски

полски дипломат

Војќех Јежи Тиќињски, полски: Wojciech Jerzy Tyciński[1] (1959 во Варшава)[2] — полски дипломат, амбасадор на Република Полска во Република Македонија/Северна Македонија (2018–2023).

Војќех Тиќињски
(Wojciech Tyciński)
Генерален конзул во Торонто
На должноста
1994–1999
Генерален конзул во Единбург
На должноста
2001–2005
Генерален конзул во Лион
На должноста
2009–2013
Амбасадор на Република Полска во Република Македонија/Северна Македонија
На должноста
2018–2023
Претходник Јацек Мултановски
Наследник Кшиштоф Гжелчик
Лични податоци
Роден(а) 1959
Варшава
Сопружник Малгожата
Деца Марта
Установа Универзитет во Варшава
Професија дипломат

Дипломирал по политички науки во Варшава (1983).[3] Работел во Полска академија на науките (1985–1990). Од 1991 работи за Министерство за надворешни работи. Генерален конзул во Торонто (1994–1999), Единбург (2001–2005), Лион (2009–2013). Заменик директор во Директорар за соработка со полската дијаспора (2013–2018). Од 2018 до 2023 амбасадор на Република Полска во Република Македонија; од 2019 Северна Македонија.[4]

Оженет со Малгожата, ќерка Марта.[4]

Наводи

уреди
  1. „H.E. Wojciech Jerzy Tyciński, newly appointed Ambassador Extraordinary and Plenipotentiary of the Republic of Poland to the Republic of Macedonia presents credentials“. www.mfa.gov.mk (англиски). Посетено на 2019-03-17.
  2. Wizimirska, Barbara (2000). Rocznik Polskiej Polityki Zagraniczne (полски). Warszawa: Polski Instytut Spraw Międzynarodowych. стр. 379. ISSN 1230-4794.
  3. „Zapis przebiegu posiedzenia Komisji Spraw Zagranicznych“. www.sejm.gov.pl (полски). 2018-07-18. Посетено на 2019-03-17.
  4. 4,0 4,1 „Вонреден и Ополномоштен Амбасадор на Република Полска во Република Македонија“. skopje.msz.gov.pl. Архивирано од изворникот на 2017-08-12. Посетено на 2019-03-17.