Ворнер Бакстер
Ворнер Лерој Бакстер (29 март 1889 – 7 мај 1951) — американски глумец, познат по својата улога како The Cisco Kid во филмот Во стара Аризона (1929), за која добил Оскар за најдобар глумец на второто доделување на наградите.
Ворнер Бакстер | |
---|---|
Роден(а) | Ворнер Лерој Бакстер 29 март 1889 Колумбус, Охајо |
Починал(а) | 7 мај 1951 Беверли Хилс, Калифорнија | (возр. 62)
Причина за смрт | Пневмонија |
Националност | САД |
Занимање | Глумец |
Активен период | 1914–1950 |
Тој често играл улоги на заводнички, харизматични латински бандити во вестерн филмовите, и го играл The Cisco Kid или слични ликови низ 1930. години, но играл и низа на други улоги низ својата кариера. Тој ја започнал својата кариера во неми филмови. Најпознати неми филмови во кои глумел Бакстер се Големиот Гатсби (1926) и Ужасната вистина (1925). Кога започнале да се прават звучни филмови, Бакстер станал уште попознат. Негови најпознати улоги во звучни филмови се улогите во Во стара Аризона (1929), 42. улица (1932), Брод на робови (1937), Киднапиран (1938), и краткометражниот филм Украдените скапоцености (1931). Во 1940. години тој бил добро познат по улогата Д-р. Роберт Ордвеј во серијалот од 10 филмови насловен Доктор криминалец.
Во периодот од 1914 до 1950 година, Бакстер глумел во повеќе од 100 филмови.[1]
Наводи
уреди- ↑ Cliff Aliperti (29 March 2010). „Warner Baxter-A Brief Biography“. Things and Other Stuff. Посетено на 2011-11-16.
Надворешни врски
уреди- Ворнер Бакстер на Ризницата
- Ворнер Бакстер на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Ворнер Бакстер — Internet Broadway Database (англиски)
- Ворнер Бакстер — AllMovie (англиски)