Влечна патека
Влечна патека — пат или патека која се протега долж брегот на една река, канал или друг копнен воден пат. Целта на оваа патека е да му овозможи на сувоземното возило, влечното животно или групата на луѓе-влекачи да влечат брод (често барка). Ова била честа форма на транспорт во времето кога не можеле да се постават ефикасни мотори на бродовите и каде едрењето било оневозможено заради брзи струи, тунели или мостови, или пак неповолни ветрови.
Многу од овие влечни патеки денес не се користат за влеча, па се преправени за употреба како повеќенаменски патеки. Сѐ уште го носат називот на влечни патеки, иако не се користат како такви.
Поврзано
уреди
Оваа статија патишта е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија поврзана со водниот сообраќај е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |