Влегување на крстоносците во Цариград
Влегување на крстоносците во Цариград (француски: Entrée des Croisés à Constantinople) или Крстоносците влегуваjќи во Цариград ― голема слика на Ежен Делакроа. Била нарачана од Луј-Филип во 1838 година, а завршена во 1840 година. Насликана со масло на платно, таа е во збирката на Музејот Лувр во Париз.
Творец | Ежен Делакроа |
---|---|
Година | 1840 |
Вид | Маслена слика |
Димензии | 498 см × 410 см |
Место | Лувр, Париз |
Сликата на Делакроа прикажува позната епизода од Четвртата крстоносна војна (12 април 1204 година), во која крстоносците се откажале од нивниот план да го нападнат муслиманскиот Египет и Ерусалим и наместо тоа го ограбиле христијанскиот (православен) град Цариград, главниот град на Римската Империја. Сликата го прикажува Балдвин I на чело на поворка низ улиците на градот по нападот; на сите страни се жителите на градот кои молат за милост.[1]
Сјајноста на сликата и употребата на бои се должи на студијата на Делакроа за старите мајстори, како што е Паоло Веронезе.[1] Сликата била изложена во Салонот од 1841 година, каде што сликарскиот романтизам на нејзиниот стил бил контроверзен; весникот Le Constitutionnel изразил жалење за „збунетата и задавена композиција, досадните земјени бои и недостатокот на дефинитивни контури“, но Бодлер ја ценел „апстракционата намера“ на делото.[1]
Наводи
уредиДополнителна книжевност
уреди- Пул (Pool), Фиби (Phoebe) (1969). Delacroix. Лондон: Hamlyn. ISBN 0-600-03796-7