Владан Лукиќ (роден на 16 февруари 1970 година) бил поранешен фудбалер и српски репрезентативец.

Владан Лукиќ во 2012 година

Професионална кариера

уреди

По пристигнувањето во екипата на Црвена ѕвезда од Белград од родниот град Сопот, Лукиќ веднаш успеал да влезе во првиот тим и од самиот почеток ги покажал голгетерски способности. Тој имал одличен почеток и со репрезентацијата на Југославија, но среќата го напуштила во 1991 година на натпреварот против репрезентацијата на Австрија, кога ја скршил ногата при еден судир со соиграчот Синиша Михајловиќ. Владан Лукиќ на крајот сепак успеал да се врати во фудбалот, но никогаш не го достигнал својот целосен потенцијал како играч. Тој имал одлични перформанси во сезоната 1996-97, кога ја освоил Швајцарската фудбалска лига со екипата на ФК Сион. Наредната година, тој завршил на второто место во Француската Лига 1 заедно со составот на ФК Мец. Тој го напуштил францускиот клуб во знак на протест против НАТО бомбардирањето на тогашна Југославија.

Административна кариера

уреди

По повлекувањето од професионалниот фудбал, Лукиќ се вратил во својот роден град и станал претседател на екипата на ФК Сопот која во тој период се натпреварувала во српската лига Белград, која била трета лига по ранг на српската фудбалска пирамида.

Претседател на екипата на Црвена ѕвезда од Белград

уреди

На 26 мај 2009 година Владан Лукиќ станал претседател на екипата на Црвена ѕвезда од Белград,[1] заменувајќи го претходниот претседател на клубот Дан Тана. Во тој период клубот имал големи финансиски потешкотии и бил со блокирана сметка поради пријавен долг од 23 милиони евра.[2] Заедно со Владан Лукиќ, во клубот се вратил и уште еден поранешен играч на екипата на Црвена ѕвезда, Иван Аџиќ. Иван станал нов спортски директор на клубот. Од самиот почеток, мандатот на Владан Лукиќ во клубот бил проследен со гласини дека составот на Црвена ѕвезда, всушност бил раководен од Горан Весиќ (истакнат член на Демократската партија и долгогодишен политички оперативец) и дека тој бил вистинскиот носител на одлуките во клубот.

Првиот официјален потфат на Владан Лукиќ како управител на клубот на почетокот на јуни 2009 година било ангажирањето на новиот главен тренер Владимир „Пижон“ Петровиќ.[3]

Јавното обвинителство во месец ноември 2009 година побарало на Лукиќ да му се забрани да ја врши функцијата претседател на екипата на Црвена ѕвезда од Белград и да му се изрече парична казна поради неговата наводна поддршка на навивачите хулигани.[4] Во месец декември 2009 година, за време на зимската пауза во Српската Суперлига, екипата на Црвена ѕвезда била првопласирана на табелата со три бода пред вечниот ривал, екипата на ФК Партизан. Во исто време, Владан Лукиќ објавил дека во текот на неговите седум месеци на чело, клубот успеал да го намали долгот за неверојатни 6 милиони евра.[5] Набргу по рестартирањето на лигата, Лукиќ го отпуштил главниот тренер Петровиќ и покрај тоа што составот на Црвена ѕвезда сè уште била водечка во лигата со три бода предност во однос на лутиот ривал. На тренерската позиција бил ангажиран тренерот Ратко Достаниќ.[6] Тренерската смена не го дала посакуваниот ефект, бидејќи клубот не само што не успеал да го зголеми водството на врвот на табелата, туку наместо тоа ја загубил бодовната предност пред составот на Партизан. Титулата во лигата била решена на 8 мај во Вечното дерби против составот на Партизан. Тој натпревар го добил составот на Партизан со резултат од 1:0. Натпреварот се одиграл на стадиониот на ЈНА, а голот од далечина го постигнал фудбалерот Радосав Петровиќ. Целиот натпревар во најмала мера можел да се оквалификува како контраверзен.[7]

Во текот на летото 2010 година, надвор од сезоната, Владан Лукиќ склучил спонзорски договор со руската нафтена компанија Гаспром Нефт.[8] Условите на 5-годишниот договор меѓу двете страни не биле официјално откриени.

До крајот на месец ноември 2011 година, во спортскиот дневен весник „ Спортски журнал “ се појавила информација дека долгот на Црвена ѕвезда повторно пораснал на фантастични 42,6 милиони евра. Оваа информација од страна на генералниот секретар на клубот Ѓорѓе Стефановиќ жестоко била демантирана, велејќи дека оперативниот долг на клубот бил помеѓу 25-33 милиони евра.[9]

На 13 ноември 2012 година, Владан Лукиќ поднел оставка на функцијата претседател на клубот.[10] Него привремено го заменил една работна група (комисијата за стабилизација) формирана на иницијатива на вицепремиерот Александар Вучиќ. На чело на клубот застанал Небојша Човиќ чија цел била да ја утврди финансиската состојба во клубот и да ги организира изборите за наредниот претседател на клубот. Во средината на месец декември 2012 година, Драган Џаиќ бил избран за нов претседател на клубот[11] (тој бил единствениот кандидат откако понудата на Бранко Текиќ[12] била одбиена).[13] Работната група на Небојша Човиќ ги објавила своите наоди од финансиската анализа на клубот за период од 1996 до 2012 година. За време на претседателствувањето на Владан Лукиќ, од месец мај 2009 година до месец ноември 2012 година, долгот на клубот од 22.398.806 евра пораснал на 44.109.565 евра. Тие наводи никогаш не биле претставени како докрај веродостојни.[14]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди