Вија Понтика
Вија Понтика (латински: Via Pontica; во превод: Понтски пат) ― антички римски пат во Тракија покрај Црното Море, почнувајќи од Византион и поминувајќи низ Деултум (денес Дебелт), Акве Калиде (денес во близина на Бургас), Аполонија, Месембрија, Одесос, Визона и Калиакра (денес во Бугарија); а потоа преку Калатис, Томис и Истрос (денес во Романија).
Патека за преселба на птиците
уредиДенес, името „Вија Понтика“ е дадено на втората по големина рута за преселба на птиците во Европа, преку западниот дел на Црноморскиот Биогеографски Регион. Птиците преселници ги користат крајбрежните езера, мочуриштата и лагуните зад брегот, а некои презимуваат во овие мочуришта. Делтата на Дунав е најпозната од мочуриштата.[1] За прв пат во орнитологијата поимот „Вија Понтика“ го употребил бугарскиот орнитолог Николај Боев (1922-1985) за да го означи западниот црноморски преселнички начин на птици.
Археолошки проект во Бугарија
уредиВо 2010 година, Божидар Димитров, директор на Националниот историски музеј и Симеон Ѓанков, вицепремиер, го започнале проектот „Вија Понтика“ за обновување на дваесет антички утврдувања долж брегот на Црното Море. Тие започнуваат од најјужната точка на Резово и го опфаќаат целото бугарско крајбрежје до Калиакра. Како резултат на оваа работа, откриени се неколку нови археолошки наоѓалишта, вклучувајќи го и утврдувањето Акра во близина на тракиска Аполонија, сегашен Созопол.
Наводи
уреди- ↑ Sundseth, Kerstin; Barova, Sylvia (2009), Natura 2000 in the Black Sea Region (PDF), European Commission Environment Directorate General, стр. 3, doi:10.2779/7908, ISBN 978-92-79-11585-1, Посетено на 6 јули 2023