Висока — археолошко наоѓалиште на границата меѓу Пелагонија и Мариово.

Местоположба

уреди

Археолошкото наоѓалиште Висока се наоѓа на границата меѓу Пелагонија и Мариово, во близина на селото Бонче, на надморска височина од 1.521 метар. Наоѓалиштето лежи на стратегиско место, бидејќи на едната страна гледа кон половина од Пелагонија, а на другата страна гледа кон голем дел од Мариово.[1]

Историјат

уреди

Археолошки наоди

уреди

Во Висока е најден импресивен киклопски ѕид и влез во некој објект, веројатно, кралска палата, која се наоѓа на врвот од самиот рид, на надморска височина од 1.521 метар. Во подножјето на акрополата е пронајдена најголемата гробница во Македонија. Во гробницата се влегува низ тунел долг 11 метри и висок три метри, изработен од обликувани камени блокови со тежина до три тони. Целата гробница има пречник од 30 метри. Гробницата била ограбена уште во третиот век, а се претпоставува дека му припаѓала на некој крал или висок достоинственик.[1]
Во Висока се откриени бронзени штитови со шеснаесеткрако сонце кои му припаѓале на некој ветеран во гардата на кралот Деметриј. Овие штитови се изложени во Археолошкиот музеј во Скопје.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Александар Матески, „Стибера и Висока“, Економија и бизнис, година 18, број 209, ноември 2015, стр. 104-105.