Виновица – вид ракија која се добива со дестилација на вино, или од вино со додавање вино од комина до 30%.[1]

Виновица
Ракија
Алкохол по волумен35–55%
Состојкигрозје
Варијанти
  • бела
  • жолта
Приказ на традиционален начин на варење ракија

Содржина на виновицата[1]

уреди

Виновицата содржи:

  • стварен алкохол од 35 до 55 волумни %;
  • екстракт до 6 грама на литар;
  • вкупни киселини, изразени како оцетна киселина од 200 до 1.000 милиграми на литар апсолутен алкохол;
  • естри, како етил естер оцетна киселина, од 800 до 3.500 милиграми на литар апсолутен алкохол;
  • метил алкохол од 0,1 до 0,70 волумни % сметано на апсолутен алкохол;
  • виши алкохоли од 1.500 до 5.500 милиграми на литар апсолутен алкохол;
  • алдехиди, од 70 до 500 милиграми на литар на апсолутен алкохол;
  • фурфурол до 25 милиграми на литар апсолутен алкохол;
  • издашност најмалку 1 :500.

Технологија на производство

уреди

Технологијата за производство на виновица опфаќа:

  • берба на грозјето
  • гмечење на грозјето
  • превривање на клукот или ширата
  • дестилација на превриениот клук или виното
  • одлежување и формирање виновица

Начин на добивање

уреди

Виновицата се добива со дестилација на вино, или вино и вино од комина до 30%.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „ПРАВИЛНИК ЗА РЕОНИЗАЦИЈА НА ЛОЗАРСКИТЕ ПОДРАЧЈА, ЗА УСЛОВИТЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО И ПРОМЕТ НА ГРОЗЈЕ, ШИРА, ВИНО И НА ПРОИЗВОДИТЕ ОД ГРОЗЈЕ И ВИНО, ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ И ЗАШТИТА НА ГЕОГРАФСКОТО ПОТЕКЛО НА ВИНАТА И НИВНОТО ОЗНАЧУВАЊЕ ВО СР МАКЕДОНИЈА“ (PDF). Службен весник на СРМ. 12: 232. 1980. Посетено на 27 ноември 2019.