Винландски саги
Винландски саги (исландски: Vínland sǫgur), исто така наречени Винландски приказни — саги напишани во XIII век помеѓу 1220 и 1280 г. Тие се дел од серијата наречена Исландски саги. Овие приказни зборуваат за викинзите што истражуваат и се населуваат на места како Гренланд и Северна Америка, која ја нарекувале Винланд. Тие биле напишани околу 250 години откако се случиле овие настани, кои биле помеѓу 970 и 1030 г. од нашата ера.[1]
„Лето на грендландскиот брег околу 1000 г.“ (Карл Расмусен) | |
Земја | Исланд |
---|---|
Јазик | старонордиски исландски |
Серијал | Исландски саги |
Предмет(и) | поморски истражувања |
Жанр | сага |
Винландските саги вклучуваат две приказни: Сагата за Ерик Црвениот (исл. Eiríks saga rauða) и Сагата за Гренланѓаните (исл. Grœnlendinga saga). Ова се главните извори што ги имаме за нордиските истражувања на Северна Америка. Иако можеби не се целосно точна историја, тие сепак ни даваат важни сознанија за тоа што се случило во Северниот Атлантик за време на средновековните времиња.[2][3]
Приказните во овие саги добиле веродостојност благодарение на откритијата на археолошкиот локалитет Ланс-о-Медоуз во Њуфаундленд, Канада. Во 1960-тите, норвешките истражувачи Хелге Ингстад и неговата жена Ане Ингстад пронашле докази за древни нордиски населби во Северна Америка, потврдувајќи го она што го опишале сагите.[4]
Поврзано
уредиЛитература
уреди- Grove, Jonathan. (2009) "The place of Greenland in medieval Icelandic saga narrative", in Norse Greenland: Selected Papers of the Hvalsey Conference 2008, Journal of the North Atlantic Special Volume 2, 30–51
- Jones, Gwyn A History of the Vikings.
- Ingstad, Helge; Ingstad, Anne Stine. The Viking Discovery of America: The Excavation of a Norse Settlement in L'Anse Aux Meadows, Newfoundland (Checkmark Books. New York). .
- Magnusson, Magnus Viking, Hammer of the North (Putnam) Magnus Magnusson.
- Magnusson, Magnus Viking expansion westwards.
Наводи
уреди- ↑ „Vikings: The North Atlantic Saga“. Smithsonian Institution. Архивирано од изворникот на February 23, 2002. Посетено на October 18, 2015.
- ↑ „Vinland Sagas“. Smithsonian Institution National Museum of Natural History. Архивирано од изворникот на December 23, 2015. Посетено на October 18, 2015.
- ↑ Thayer Watkins. „The Vinland Sagas“. San José State University. Economics Department. Посетено на October 18, 2015.
- ↑ „L'Anse aux Meadows National Historic Site of Canada“. Parks Canada. Посетено на October 18, 2015.
Надворешни врски
уреди„Винландски саги“ на Ризницата ? |