Вилеброрд Снел (холандски: Willebrord Snel van Royen; 1580 - 30 октомври 1626) — холандски математичар и астроном.

Вилеброрд Снел
Вилеброрд Снел (1580-1626)
Роден(а)13 јуни 1580
Лајден, Холандска Република
Починал(а)30 октомври 1626(1626-10-30) (возр. 46)
Лајден, Холандска Република
НационалностХоланѓанец
Полињаастрономија и математика
УстановиЛајденски Универзитет
МенториЛудолф ван Сојлен
Рудолф Снелиус
Значајни студентиГолиус Јакобус
Познат поСнелиусов закон

Снел студирал право на универзитетот во својот роден град Лајден, Холандија, за потоа да премине на студии по математика. Од 1600 година патувал низ Европа и запознал големи научници, меѓу кои Кеплер и Брахе. Во 1608 година се вратил во Лајден и се оженил со Марија де Ланге. Неговиот прв значаен труд „Eratosthenes batavus“ ги претставува темелите на современата геодезија (метод на мерење на Земјата). Исто така, тој објавил студии од астрономија и навигација, но бил запаметен по законот за прекршувањето на светлината.

Извор

уреди
  • Дејвис, Адам Харт, уред. (2011). Општа наука: енциклопедија за секое семејство и дом. прев. Сашо Христовски и др. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-608-4500-27-8. (библ.)