Википедија на класичен кинески јазик
Википедија на класичен кинески јазик (文言維基大典) е издание на Википедија на класичен кинески јазик, под управа на фондацијата Викимедија. Започната е на 31 јули 2006, Чи Сји на таа година. Класичнокинеската википедија имала 1.500 статии во април 2007. Содржините се главно поврзани со кинеската историја, особено со династијата Хан и Периодот на трите кралства.
Вид место | Интернет енциклопедиски проект |
---|---|
Достапно на | Класичен кинески |
Седиште | Мајами, Флорида, САД |
Сопственик | Фондација Викимедија |
Адреса | http://zh-classical.wikipedia.org/ |
Комерцијално | не |
Зачленување | Изборна |
За разлика од другите Википедии на кинески јазик, постои разлика во начинот на именување на класичнокинеската Википедија. Насловот го користи поимот „дадиен“ (大典) наместо поимот „баике“ (百科). Причината за ова е фактот што поимот „баике“ не се користел во класичниот кинески, но и бидејќи насловот го следи стандардот на именување втемелен од енциклопедијата Јунгле Дадиен (永樂大典, 1403), која се издавала во времето на династијата Минг.
Класичнокинеската Википедија исто така содржи многу статии поврзани со кинеската, јапонската и корејската култура. За жал, класичнокинеската Википедија не го поддржува наполно вертикалното писмо, начинот на кој се пишувал класичниот кинески јазик, од технички причини. За среќа постои ограничена вертикална поддршка за извесни поетски дела. (пример) Бројките во оваа Википедија се пишуваат со кинески наместо со арапски знаци, за разлика од останатите Википедии на кинески јазик.
Класичнокинеската Википедија трпи влијанија од пишаните стилови од Тајван, Хонгконг и Макао повеќе отколку други синосферски култури. На пример:
- Користи традиционални кинески знаци, кои се стандардни во Тајван, Хонгконг и Макао. Така, '教'(U+6559), што е тајвански стандард, се претпочита наместо '敎'(U+654E), што е корејски стандард.
- Користи современа кинеска интерпункција.
Поврзано
уреди