Википедија:Уредувачки натпревари/Сончев Систем

Уредувачки натпревар на тема
„Сончев Систем“

 

од 15 ноември до 14 декември 2021 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Сончев Систем“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Сончев Систем“.

Натпреварот почнува на 15 ноември 2021 г. во 00:00 ч. и завршува на 14 декември 2021 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Главна тема на натпреварот е Сончевиот Систем и сите статии поврзани со него ќе бидат признаени и бодувани. Може да се уредуваат и постоечки статии за Сончевиот Систем, каде бодувањето ќе се врши во поглед на додадената количина нов материјал, како и севкупното средување на постоечката статија.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жирито ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жирито може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена нова страница, или правење ситни подобрувања на некоја статија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи уреди

Евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. --Тиверополник (разговор) 10:11, 15 ноември 2021 (CET)[одговори]
  2. Dentedeleone (разговор) 22:42, 15 ноември 2021 (CET)[одговори]
  3. Mukaetova (разговор) 10:14, 23 ноември 2021 (CET)[одговори]
  4. Ivka20

Членови на жирито уреди

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  3. Инокентиј (Ж3)
  • Станете член на жирито за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Материјали за користење уреди

Може да се користат преводи, но се препорачува користење на извори на македонски јазик, односно истражување од македонските мрежни страници и нивно наведување во статиите.

Како главна водилка во натпреварот може да се користи предлошката Сончев Систем.

Награди уреди

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за книги и техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница, наведете по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор во Скопје.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобриот нов учесник, односно корисник кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари.

Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории.

Важно: За да се освои било која награда, потребно е да се создадат или подобрат најмалку 25 статии оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата.

Посебно изненадување: Сите учесници во натпреварот коишто ќе уредат најмалку 10 статии ќе добијат посебно изненадување доколку во натпреварот вкупно бидат уредени најмалку 300 статии.

I награда уреди

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II награда уреди

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III награда уреди

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија уреди

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Награда за најдобар нов учесник уреди

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари.

Резултати уреди

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 1.547
2 Dentedeleone 816
3 Chnitke 546
4 Pta345MK 42
5 Ivka20 22
6 Mukaetova 21
Награда за најдобра статија
Награда за најдобар нов учесник
Посебно изненадување