Википедија:Уредувачки натпревари/СИЕ Пролет 2021

CEE Spring Logo vertical-t.svg
Shared Knowledge Logo.svg
Уредувачки натпревари.svg
Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“

 

од 1 до 30 април 2021 година

 

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“ или само СИЕ Пролет 2021 — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“, Википедија на македонски јазик и сите заедници во Средна и Источна Европа, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на различни теми од сите држави во рамките на регионот Средна и Источна Европа (СИЕ).

Натпреварот почнува на 1 април 2020 г. во 00:00 ч. и завршува на 30 април 2020 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии кои се предложени во рамките на долунаведените списоци по земја од областа Средна и Источна Европа. Секоја од создадените или дополнетите статии означувајте ги со предлошката {{СИЕ Пролет 2021}} на страниците од разговор. Доколку имате некои прашања, поставете ги во разговорот на истава страница, при што ќе бидат одговорени од нашите корисници.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува жири-комисија, која ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Жири-комисијата ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на жирито ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на жири-комисијата може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од зададената). На натпреварот не влегуваат статии напишани за Македонија од страна на македонските уредници, односно пријавените уредници треба да пишуваат за статии од предложените списоци по земја (зададени подолу). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаат прилика и значајно да дополнат постоечка статија (никулец), при што жири-комисијата ќе оценува колкав е новиот дел и бодовите ќе бидат доделени за тој дел.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на жири-комисијата, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачиУреди

евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. Тиверополник
  2. Chnitke
  3. П.Неделковски
  4. NatalijaN993 (разговор) 12:09, 4 април 2021 (CEST)
  5. Pta345MK (разговор) 16:37, 4 април 2021 (CEST)
  6. Visem (разговор) 23:41, 4 април 2021 (CEST)
  7. Ivka20 (разговор) 21:46, 19 април 2021 (CEST)

Предлози за статииУреди



МатеријалиУреди

Корисниците може да користат свои материјали поврзани со земјите од областа на Средна и Источна Европа, другите јазични изданија и особено Википедијата од која и потекнува самиот предмет/објект за кој се пишува статијата.

Членови на жири-комисијаУреди

  1. Kiril Simeonovski (Ж1)
  2. Ehrlich91 (Ж2)
  3. Инокентиј (Ж3)
  • Станете член на жири-комисијата за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

НаградиУреди

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница или книжарница, ве молам наведете ни, по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на жири-комисијата.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на жири-комисијата.

Ќе бидат доделени и следниве награди:

  • „најдобар постоечки или нов корисник“: награда која ќе се додели на корисник со регистрирана корисничка сметка пред почетокот на натпреварот и кој претходно не учествувал на овој регионален уредувачки натпревар организиран во овој формат (во периодот 2015-2020) или пак отворил сметка по почетокот на натпреварот;
  • „најмногу уредени статии од различни земји“: награда која ќе биде доделена на корисник, кој ќе уреди (создаде или подобри) статии за најмногу различни земји кои учествуваат во натпреварот.

Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории.

За да може некој учесник да добие награда во некоја од категориите, мора да има напишано/подобрено најмалку 15 статии од списоците на другите учесници во натпреварот и истите да бидат оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на жири-комисијата).

I наградаУреди

Вредносен купон во вредност од 10.000 денари.

II наградаУреди

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

III наградаУреди

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статијаУреди

Вредносен купон во вредност од 4.000 денари.

Награда за најдобар постоечки корисникУреди

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари за најдобар постоечки корисник, кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари „СИЕ Пролет“.

Награда за најмногу уредени статииУреди

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари за најмногу уредени статии од различни земји-учеснички на натпреварот.

РезултатиУреди

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на жири-комисијата.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 1.187
2 Pta345MK 763
3 Chnitke 313
4 P.Nedelkovski 77
5 Visem 60
6 NatalijaN993 12
Награда за најдобра статија
Награда за најдобар постоечки корисник
  • Наградата не е доделена.
Најмногу уредени статии
  • Наградата не е доделена.