Википедија:Уредувачки натпревари/Поранешни држави
„Поранешни држави“ од 1 до 30 септември 2023 година Уредувачки натпревар на тема „Поранешни држави“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Поранешни држави“. Натпреварот почнува на 1 септември 2023 г. во 00:00 ч. и завршува на 30 септември 2023 г. во 23:59 ч. по македонско време. Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија). Главна тема на натпреварот се поранешните држави (пр. Корзиканска Република, Триполитаниска Република итн.) и само статиите за нив ќе бидат признаени и бодувани. Може да се уредуваат и постоечки статии за поранешни држави, каде бодувањето ќе се врши во поглед на додадената количина нов материјал, како и севкупното средување на постоечката статија. Како помош при изборот на статии се препорачува да се користи соодветната категорија на Википедија на англиски јазик. (Напомена: Статии на теми коишто се поврзани со поранешните држави нема да бидат земени предвид.) Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале. Статиите ќе ги прегледува Оценувачкиот одбор, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Оценувачкиот одбор ќе ја донесе конечната одлука за победникот. Членовите на Оценувачкиот одбор ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10. Член на Оценувачкиот одбор може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена нова страница, или правење ситни подобрувања на некоја статија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот. Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно. Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на Оценувачкиот одбор, а за најдобрите учесници се обезбедени награди. Список на натпреварувачиуредиДодајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди. Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.
Членови на Оценувачкиот одборуреди
Материјали за користењеуредиМоже да се користат преводи, но се препорачува користење извори на македонски јазик, односно истражување од македонските мрежни страници и нивно наведување во статиите. НаградиуредиНаградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за книги и техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница, наведете по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор во Скопје. На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на Оценувачкиот одбор Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на Оценувачкиот одбор Награда ќе биде доделена и за најдобриот нов учесник, односно корисник кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари. Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории. Важно: За да се освои било која награда, потребно е да се создадат или подобрат најмалку 25 статии оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на Оценувачкиот одбор. Посебно изненадување: Сите учесници во натпреварот коишто ќе уредат најмалку 10 статии оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 ќе добијат посебно изненадување доколку во натпреварот вкупно бидат уредени најмалку 300 статии. I наградауредиВредносен купон во вредност од 12.000 денари. II наградауредиВредносен купон во вредност од 6.000 денари. III наградауредиВредносен купон во вредност од 3.000 денари. Награда за најдобра статијауредиВредносен купон во вредност од 5.000 денари. Награда за најдобар нов учесникуредиВредносен купон во вредност од 2.000 денари. РезултатиуредиСписокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на Оценувачкиот одбор.
|