Википедија:Селска чешма (Идеи)/Архива 2

Архива Оваа страница е архива. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Упатете ги вашите коментари на сегашната разговорна страница.
Архива 2


Дали сте знаеле

уреди

Како што веќе напоменав во разговор со Бојан Јанкулоски, сметам дека овој дел од нашата Wikipedia е малку запоставен. Затоа сакав да се информирам дали би смеел јас, како еден обичен понов уредник на Wikipedia директно да ги менувам информациите во рубриката Дали сте знаеле или прво морам да ги предложам истите на страницата за разговор. И воопшто, дали само администраторите смеат да ги менуваат информациите во рубриката.

Навистина, се работи за дел што се наоѓа на главната страна и уште повеќе за дел кој може лесно да биде вандализиран, но сепак лично мислам дека мора повеќе да се заангажираме и околу овој дел од Wikipedia. Прво и основно, треба да се воведат неколку правила, зашто како што веќе бев информиран од Бојан само избраната статија има временска рамка на постоење, а останатите рубрики се малку послободни. Затоа предлагам:

  1. Барем пет нови занимливости да бидат ставани секоја недела во "Дали сте знаеле";
  2. Секоја недела да се менува сликата во рубриката; и
  3. Да не мора информациите да поминат низ станицата за разговор: сметам дека ова би го одложило процесот на поставување на нови информации и нивното прифаќање.

Но, пред се и над се, предлагам (во случај да биде прифатен предлогов) да пробаме еден месец да работиме по овие правила. Ако не функционира може и да се вратите на овој начин на работа, па дури и да ја заштитите страницата. Ако функционира - одлично.

--Виктор Јованоски 20:59, 2 април 2007 (UTC)


Апел за помош за заштита на македонската историја

уреди

знам дека ова што го пишувам нема многу врска со унапредување на македонската википедија, ама незнаев каде да се обратам, па мислам дека ове е пригодно место...

Пред некое време ми требаше информација за Св. Климент Охридски па барав на гугл и нормално првиот линк што ми излезе беше артиклот на англиската википедија... се е тоа убаво, ама бев згрозен кога прочитав таму дека Св. Климент бил бугарски светец, писател и прооведник. Пробав да ја едитирам страницата, ама во рок од пет минути ме ревертираа, и во изминативе два дена добив два блока за едитирање поради нарушување на 3RR правилото на википедија. Очигледно бугарите се многу ангажирани на ова поле за разлика од нас...

она што го барам од македонските едитори е помош во борбата против бугарските пропаганди кои најдоа свое место и на википедија... тоа значи едитирање на страниците кои содржат невистини и фалсификати за македоската историја, ѓњавење на администратрите и ширење на контрапропаганда против бугарите... Гревота е што им дозволуваме на странците слободно да си ја шират својата пропаганда додека ние седиме со скрстени раце! Тоа што го пишува на анлиската верзија на википедија е тоа што светот го чита за нас: и самите знаете дека линковите за википедија најчесто излегуваат на прво место на гугл, кога ке побараш било каква работа.

за да ви стане јасно за што зборувам, само посетете ги артиклите за Цар Самуил, Климент и Наум Охридски, Охридската Архиепископија, Македонските Преродбеници, нашите херои (Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански и компанија), Илинден, ВМРО и слични артикли поврзани со македонската исторја...

очекувам помош од сите македонски едитори... прегледајте ја прво страницата за Св. Климент и нејзината историја и талк страницата, зашто таму прилеков внимание на неколку администратори...

btw, и ма ли македонски администратор на англиската википедија? ако нема треба да се ангажираме малку на тоа поле

Martint 02:25, 12 април 2007 (UTC)

Се разбира ли некој од математика???

уреди

Луѓе секоја чест ѝ на Википедијава, само мислам дека сме малце сиромашни у областа на природните науки и поготово со математички статии! Затоа прашувам:

  • Има ли некој математичар овде? (т.е. мој колега ;-) )
  • Ако нема таков, има ли некој што се разбира од математика? (електро-инженер, машински инженер, информатичар, физичар итд, итд...)

Ако некој се пронајде под прво и второ квадратче (па и тие што не), сеа вака:

Дајте бе, луѓе да напраиме некоја статиичка плус, ипак математиката е прилично важна наука, а гледам дека кај нас е (пре)многу запоставена! Пробав ја, колку иам време и можност, да напраам нешто слично на математичка „database“ (уффф ама преувеличувам), ама ми излезе душава!

Ај, ако има некој заинтересиран нека каже, нека пише, нека се консултира!

Ах, да, и ова: (пошто се надевам дека работава ќе појде) За име Божје, ако преведувате од друг јазик, НЕ ПРЕВЕДУВАЈТЕ БУКВАЛНО!!! Фичо 14:56, 18 април 2007 (UTC)

Секоја чест и на тебе, што самостојно имаш формирано една database за наши прилики солидна. Биди стрплив и истраен и сигурно некој ќе ти се приклучи. Иначе мислам дека треба малку да се редизајнира и почетната страница на нашата википедија, со цел на корисниците кои поретко ја посетуваат википедија веднаш да им се понудат содржините кои ги имаме. А тоа значи секцијата Добредојдовте заедно со Актуелно треба да се замени со секцијата Содржина, како прво. А потоа гледам дека ти имаш создадено солиден портал за Математика. Тоа значи дека во секцијата содржина треба да се линкува наместо со Категоријата:Математика со Портал:Математика. Но ова е само мое видување како би требало да се промени главната страница со цел да бидеме поатрактивни. Може нешто да научиме од англиската, германската, француската или другите помоќни википедии. Кај нив е имплементирано она за што јас сакам да зборувам.--brest 17:07, 18 април 2007 (UTC)

Егејска и Пиринска македонија заостанати колонии на европско тло.

уреди

Според општо познатата дефиниција, колонија е насилно заземена туѓа територија заедно со народот во неа. Всушност,во 1912/13 година по балканските војни и поделбата на македонија, се случила класична колонизација. После тоа на македонскиот простор завладеал класичен колонијалрн пир кој еве се случува и во 21 век пред очите на Европа која се колне во демократијата, граѓанските права и прави~носта! Меѓународниот договор за поделба на Македонија веќе е истечен. Во такви услови Европа е должна да ја исправи грешката направена во минатото. Но, за да се случи тоа, некој мора да побара и енергично постојано да бара Европа да го исполни својот демократски долг кон Македонија и Македонците. За жал, владеачките и политички структури во Македонија се задоволуваат со сласта од наизменично освоената власт и тапкањето по рамо за својата наивност, послушност, попустливост итн. од страна на петоразредни корумпирани политиканти во улога на посредници, олеснувачи, советници и слично.Во такви услови на грчките и бигарските шовинисти им се остава време и простор да докажуваат дека, денешна Р Македонија и Македонците ги измислил Тито, дека Мекедноци нема и се Што е македонско им припаѓа на дрчните соседи.

Бидејќи туѓото денес или утре ќе мора да се врати а Европа може да се сети на својата демократска обврска барем кон Македонците како граѓани на Европа и лиѓе, према тоа, најмалку да ги вразуми своите разлагавени деришта (Грција и Бугарија), или да ги укине заостанатите колонии на нејзино тло.Ете за тоа грчката и бугарската политика, шовинистите и властодржците ги има зафатено патолошки страв. Затоа со сите сили и средства, нај многи со лаги и фалсификати,пропагираат, агитираат и докажуваат дека Македонци нема! Но ете ние Македонците сме тика, опстојуваме и покарј се што ни се случува. Потребно е само да се најде јунак од мајка родена, кој ќе најде начин на Светот да му ја презентира македонската вистина на начин разбирлив и уверлив за него, или парафеазирано речено, Да ја пропади чумата од жална Македонија 88.85.102.38 2007-07-01T23:47:54

Ствањето под ќилим на настани и личности не придонесува за објективно согледување на вистината

уреди

Комунистичкото минато на нашава земја е факт кој не може да се заборави или избрише со гумичка. Без сомнение, комунистичкиот режим, односно, власта во тоа време беше остварувана од стуктури на едноумието, со помош на партиски војници, како и врз основа на диктатурата на пролетрјатот која со текот на времето беше догматизирана, искривоколчена и погрешно насочена до бескрај.Всушност,структурите на таа власт беа составени од комунисти ентусијасти, но и од членови на партијата кои тоа станаува од интерес заради оставрувањре на кариера и друга корист. Тоа знач дека тие немаа врска со марксистичката филозофија туку беа политички траверстити. Тој свој менатлен склоп го потврдија и за време на плурализамот кога поново станаа траверстити,односно, се претворија во огорчени критичари на минатото, анти комунисти,наводно, заколнати десничари и верници кои засилено се крстат и клањаат, вероватно за да се оправдаат пред господа бога заради својот некогашен атеизам!Всушност,за време на плурализамот, воглавно, овие структури го ограбија и распродадоа социјалистичкото стопанство, работниците ги претворија во разни видови очајници, а државата ја турна во хаос.Впрочем,опстанокот и на денешните политички партии се базира врз основа на верноста на партиските војници кои тоа станале од интерес и намаат врска со некоја племенита идеплогија која ќе го унапреди нашево општество. Како резултат на тоа се селат од една или во некоја друга политичка партија исто како јаричките!

Понатамо, потребно е да се истакне, да се знае и да се признае дека за време на комунистичкиот режим, барем во нашава земја, беше остварен забележителен нацинален, културен,просветен,кадров, спортски и стопански развој и напредок.Тоа значи дека таа власт, исто така беше, забележително национално македонски ориентирана. Особено требе да се истакне, знае и признае остваруваната социјална сугурност на огромното мнозинство граѓани. Тоа всушност е причината за ностолгичното гледање наназад на многимина во нашава земја. Во такви услови,премолчувањето и игнорирањето на личностите, како што е на пример Колишевски и други, кои му дадоа печат на времето во кое работеа, дејствува, сакако и грешеа, но и во голема мерка придонесоа за ова што денес го имаме, кое за жал опасно е загрозено од оние што овие факти ги стваат под ќилим! Значи, претствувањето на комунистичкиот режим само како диктаторски и репресивен претствува необјективност која оди во друга крајност на оние кои биле протв овој режим, така да биле судени и прогонувани.Ако се земе во предвид фактот дека овие структури дејствувале само во комунистичка СР Македонија, додека во другите делови на Македонија нивното дејствување суштински не било забележено,сосема логично се наметнува заклучокот за нивното национално слепило и анти патриотизам, засенето од нивниот анти комунизам по секоја цена.Према тоа,нивното барање за некаква сатисфакција денес и признание дека биле жртви на едноумието, станува дискутабилно! 88.85.102.38 2007-07-07T11:20:32 88.85.102.38

Предлог за годините

уреди

Мислам дека би било попаметно ако статиите за годините бидат форматирани по месеци како на англиската википедија, значи секоја секција да има подсекција месец и за секој ден во месецот да се напише по нешто (сигурно колку што се има податоци) зошто неможеме да очекуваме за секоја година и секој месец да биде исполнет. Гледам дека сите администратори сега сте зафатени со На денешен ден проектот па еве јас можам да средам некои од годините. Расположен сум да помогнам и за денешен ден проектот само кажете што поточно и имајте на ум дека не се снаоѓам многу со предлошките.:) --Aleksandar L 21:37, 16 јули 2007 (UTC)

Приклучи се на екипата која ги уредува настаните по денови, види во Разговор за Википедија:Проект:На денешен ден повеќе детали. Земи одреден период и среди ги овие настани согласно прокетот. Исто така можеш да земеш учество во дефинирање на самиот проект со давање на свои идеи или доработка на веќе постоечките.--brest 06:19, 17 јули 2007 (UTC)

Wikipedia-sovrsenstvo na prebaruvanjeto

Iako sum samo 14 godisno devojce,imam dovolno iskustvo pa slobodno mozam da kazam deka wikipedia e najdobriot prebaruvac sto do sega sum go sretnala. Iako moram da napomenam nesto,pokraj mnogubrojnite statii,biografii i slicni korisni raboti,mislam deka bi trebalo da stavite i nesto sto bi pridoneslo vo edukativniot,i zabavniot zivot. Kako na primer,da stavite vesti od svetot koi bi ne informirale za slucuvanjata okolu nas,nekoi vicovi,i slicno. Mnogu mladi luge,tinejdzeri go posetuvaat sajtot bidejki se pocesto na uciliste se baraat podatoci od razni oblasti vo obrazovanieto,no sepak sajtot bi bil poveke posetuvan da imase nesto pointeresno za mladata populacija. Se nadevam deka ke go procitate mojot komentar,deka ke dadete vas odgovor i vase mislenje. Vi blagodaram mnogu! Pozdrav od Dolores

Предавање на Институт за Информатика

уреди

Денес зборев со проф. Катерина Здравковска од Институтот за Информатика и се договоривме и оваа година да одржиме едно предавање за Википедија на студентите од прва година, и како проект да изработат превод на статија од англиската википедија. Станува збор за две предавања во средината на ноември пред релативно голем аудиториум (300 студенти вкупно). Има ли заинтересиран за ова предавање? Давајте идеи за што да се збори, кои статии да се преведат и сл. Ланската презентација ја имате овде. --Милош 18:40, 29 октомври 2007 (UTC)

Одлично, имаш поддршка од мене.--brest 01:59, 30 октомври 2007 (UTC)

Толку? Предлог за статии кои би ги пишувале? --Милош 14:21, 1 ноември 2007 (UTC)

Па ако е замислено да се побара од студентите да преведуваат статии тогаш може било која да ја преведат само нека преведат нешто, и нека го завршат својот проект. А зашто да мора да преведуваат од англиската википедија, нека преведуваат и од другите. Само за ваквии проекти (преведување) подобро да се одржи предавање на филолошкиот факултет. Информатичарите треба да дадат повеќе од тоа.--brest 14:58, 1 ноември 2007 (UTC)
Јас сум заинтересиран за предавањево, само кажете како можам да помогнам... Што да им се каже на студентите? Пред сѐ мислам дека треба да им се предочи недостигот на информации на македонски јазик (што може да се елиминира со проширување на Википедија на македонски). Голем пример е нивната наука: на тоа поле или нема македонска терминологија, или е смешна и заостаната. Исто така сметам дека е клучно да се „долови“ моќта на Википедија како медиум и проблемите што произлегуваат од тоа, а и тие што доаѓаат со неа: пропаганда и вандализам. Може да се потенцира и фактот дека Википедија ја поттикнува демократичноста и (треба да) се базира на компромис и разбирање. Од друга страна мислам и дека не треба да ги обврземе да помогнат. Треба да оставиме кој сака, тој да помогне. Така и ќе работат посовесно, а и нема да правиме гужва тука. И онака сме малце тенки со редари, па не би било продуктивно да имаме уште стотина „статии“ за бришење. Во секој случај, да бидам искрен, познавајќи ги колегиве, не очекувам да наидеме на многу силен одек. Не дека кобам пред време, ама дечките си се такви и тоа е... Во секој случај би сакал да помогнам, а секоја статија плус би била ќар. Еве на пример, може да работат на статии од елементарна информатика (на пример: услужни програми, програмски пакети, програмски јазици, историја на сметачи, печатачи, носачи на меморија и сл.). Секако, треба да им се остави простор да изберат да работат на статија која не е од нивната струка. --Фичо 15:07, 1 ноември 2007 (UTC)
Станува збор за студенти од прва година од кои добар дел незнаат html, програмирање и сл. Идеата е сега да дознаат повеќе за проектот, како се уредува, и да се вклучат! Лани добивме малку нови статии, оваа година се надевам на повеќе. Се одлучивме на превод бидејќи лани требаше да пишуваат за македонски писатели/глумци, па добар дел од нив не најдоа материјали, пишуваа есеи и сл. На овој начин нема да можат да погрешат. Доколку има заинтересирани, ќе напишат и повеќе.
Во краткиот разговор мислам дека ми кажаа дека ова ќе биде проект за повисока оцена, како семинарска, па би требало само позаинтересираните да ја направат. Доколку решат, треба да им излеземе во пресрет. Упатствата за уредување/помошта сè уште не ни е целосно преведена (знам дека на сите им е досадно тоа да го прават).
Јас мислев да им дадеме листа на статии кои ни требаат, добар дел од информатички карактер, но дел и со друга тематика. Статиите треба да бидат поставени и средени на некоја википедија на друг јазик, па тие да ги преземат и преведат, без премногу да обрнуваат внимание на форматирањето. За почеток, нема потреба да ги плашиме со предлошки и сл :) --Милош 18:28, 1 ноември 2007 (UTC)

Денес добив маил, предавањата најверојатно ќе бидат следната недела. Во прва година има запишано 310 студенти, па треба да направиме листа од 310 статии за преведување. Се предлага да избереме биографски статии од англиската википедија, а кои ги немаме кај нас. Статиите не треба да бидат преголеми, 2-3 страни максимум. Некаков предлог од каде да почнеме? Листа на биографии лесно може да се најде преку категориите, само ние треба да одлучиме кои ни се битни. --Милош 01:08, 9 ноември 2007 (UTC)

Милош, јас направив листа на дваесетина математичари чии биографии сметам дека треба да ги имаме. Кажи каде да ги ставам. На мојата корисничка? Инаку, што станува со деталите во однос на предавањево? --Фичо 10:59, 11 ноември 2007 (UTC)
Постави ги овде. Предавањето сепак ќе треба да го држам јас, во среда 08:00-12:00 (две групи по два часа), а професорката во четврток од 10:00-12:00, бидејќи јас не сум слободен во тој термин. Доколку сакаш, може да збориме со неа и ти да присуствуваш презентациите. Планирам да одам со ланската презентација, но секакви забелешки се добредојдени. Можеш да ја адаптираш и да ми ги пратиш промените. --Милош 11:38, 11 ноември 2007 (UTC)
Интересна замисла. Всушност, мислам дека главната цел ќе биде да ги заинтересираме тие студенти за подоцна да се приклучат на Википедија, не друго. Јас не знам како би можел да помогнам на друг начин, освен форматирање на статиите (параграфи, слики, категории, интервики, правопис итн) и помагање на новите корисници. Можете да сметате на мене за тоа! Ако треба нешто друго, слободно кажете. Поречанец A? 18:24, 11 ноември 2007 (UTC)
Милош, поставив 30 статии за преведување заедно со линкови до англискиот извор (статија) и линк до статијата која треба допрва да се креира (значи е црвена). Погледни. За жал јас не сум слободен ниту во среда, ниту во четврток, па нема да бидам во можност да присутствувам на твоите предања. Здравје друг пат! Ако има некое недоразбирање или проблем со статиите, студентите може да се обратат или кај мене или на страницата за разговор каде ги поставуваме статиите. Поздрав! --Фичо 20:55, 12 ноември 2007 (UTC)

Македонска села

уреди

(Извињавам се због српског.) Гледао сам малопре чланке о македонским селима овде на мк.вики. Приметио сам да она тачкица на мапи која треба да показује локацију села не функционише. Прво сам помислио да мапа није калибрисана, и пошто сам се тиме већ бавио, кренуо сам да калибришем мапу. Тада сам схватио да је проблем у томе што нису унете координате. То не ваља :( Овако како тренутно изгледа, мапа је лоша идеја, јер одаје утисак неозбиљности. Приметио сам да на бг.вики постоје чланци о доста македонских села, све са координатама, па предлажем да неко ко има бота овде пребаци те (а има и других корисних) податке, и унесе их у одговарајуће чланке овде. Код оних села за које се још не нађу координате, мислим да је боље мапу закоментарисати (да се не види), јер овако сва села испада да се налазе у сред Грчке :( (тако су нама црногорска села била у сред Јадранског мора док нисам калибрисао мапу :Р). -- Обрадовић Горан 12:00, 3 ноември 2007 (UTC)

Ја тргнав мапата. Дали вие ги имате ажурирано овие податоци и дали планирате да ги преземате од бугарската википедија? Ако да, може да се договориме паралелно да ги ажурирате и нашите податоци. Јас во догледно време тешко да се занимавам со управување на мојот бот. --Милош 18:30, 4 ноември 2007 (UTC)
Ова нема врска со муабетов погоре, ама Милоше, си видел ли овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде и ај да не гњавам многу... Она што е НЗС на сите овие села и населби (а и на остантите небројани од Македонија) е фактот што селата се етикетирани български или сърбомански (во секој случај немакедонски). Ова е пропаганда и сметам дека треба да се знае. А Бога ми, и да се преземе нешто. Поздрав! --Филип што бе? 18:56, 7 ноември 2007 (СЕВ)