Википедија:Општи често поставувани прашања

Помош:Содржина

Општи ЧПП

Подолу се дадени одговорите на општите често поставувани прашања за Википедија - што е Википедија, кој ја поседува, кој ја пишува и слично.

Што е Википедија?

уреди
Википедија е он-лајн енциклопедија со слободна содржина која секој може да ја уредува. Еден од косоздавачите на Википедија, Џимбо Велс, ја опиша Википедија како "обид да се создаде и дистрибуира повеќејазична слободна енциклопедија со највисок квалитет за сите поеднци на планетава на нивниот сопствен јазик". Википедија постои за да му донесе знаење на секој кој ја користи.

Кој ја поседува Википедија?

уреди
Википедија е менаџирана од непрофитната организација Фондација Викимедија, која исто така менаџира со сестрините проекти на Википедија, вклучувајќи ги Викиречник, Викикниги и други, и ги поседува нивните имиња. Претходно, овој сајт беше хостиран на опслужувачите на Bomis, Inc., компанија која е највеќе поседувана од Џими Велс. Со прогласувањето на Фондацијата Викимедија на 20 јуни, 2003 година, поседувањето на сите имиња на проектите, како и техничката опрема беа трансферирани на фондацијата. Сајтот се води од страна на заедницата на Википедијанци кои се водени од принципите од Џими Велс, секако, со приврзаност кон неутрална гледна точка.
Статиите кои се хостираат на овој сајт се објавуваат од страна на нивните автори под ГНУ Општа Јавна Лиценца (или слободна лиценца), така што статиите се со слободна содржина и можат да се репродуцираат слободно под истата лиценца. Видете Википедија:Авторски права и Википедија:Читателски често поставувани прашања за тоа како можете да ја користите содржината на Википедија.

Кој е одговорен за статиите на Википедија?

уреди
Вие сте! Всушност, можете дури и да ја уредувате оваа страница! Бидејќи постојат многу други Википедијанци, ова е колаборативен проект. Многу луѓе придонесуваат со своите информации за различни делови од овој проект и секој може да го направи тоа, вклучувајчи те и тебе. Сè што треба да знаеш е како да уредиш страница и да имаш малку енциклопедиско знаење кое сакаш да го споделиш. Енциклопедијава им дава на своите корисници извесен степен на слобода.
Можеш да дознаеш кој е одговорен за најскорешната верзија на секоја страница со кликнување на врската "Историја". Како и да е, доколку забележиш грешка во најскорешната ревизија на една статија, ти си охрабрен да бидеш смел и да ја поправиш истата. Оваа практика е една од основните механизми кои ја одржуваат точноста на енциклопедијата. Како резултат на тоа, Википедија постана една од најопширните информациски библиотеки на Интернет.
Доколку сте несигурни или ве збунуваат зборовите, цитирајте го материјалот на соодветната разговорна страница и поставете прашање за останатите уредници. Ова помага при брзото отстранување на грешки, неточности или погрешни зборови и е доста ценето од заедницата.

Што е Нупедија?

уреди
Нупедија беше поформален енциклопедиски проект кој ја претставуваше Википедија. Денес тој не постои.