Википедија:Често поставувани прашања за проблеми

Помош:Содржина

ЧПП за проблеми

Целта на оваа страница е да им помогне на корисниците на Википедија да разрешат определени проблеми на кои може да наидат додека уредуваат или истражуваат.

Како да пријавам дека нешто не функционира како што треба?

уреди
Ако мислите дека најдовте грешка во софтверот, можете да испратите извештај за грешката до развивачите на софтверот. Видете Bug reports (англиски) за упатство. Можно е да имате проблем и со вашиот прелистувач, видете го следното прашање.

Мојот прелистувач и Википедија не се согласуваат!

уреди
Пријавете на Wikipedia:Browser notes (англиски). Вклучете опис на проблемот, името на прелистувачот, верзијата и вашиот оперативен систем.

Како да знам дали проблемот е до Википедија или мојот прелистувач?

уреди
Ако имате инсталирано уште некој прелистувач, пробајте да го предизвикате проблемот на двата. Ако не можете, проблемот е најверојатно во специфичните прилагодувања на вашиот прелистувач. Доколку успеете, опишете го проблемот на Википедија:Портал/Техника и прашајте дали и други Википедијанци го имаат истиот проблем.

Некои, но не сите, слики не се прикажуваат. Што е проблемот?

уреди
Најчесто ова е предизвикано од софтвер за блокирање реклами; подигнатите датотеки се распределуваат во различни директориуми, и and 1/256 од сите слики на серверот завршуваат во http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/a/ad/, кој предизвикува некои проксија за блокирање реклами. Прилагодете го проксито да го дозволува овој директориум, и веќе нема да имате проблеми.

Дали може вандал да ги избрише сите страници на Википедија?

уреди
Не. Морате да биде администратор за да бришете статии. Било кој корисник може да избрише текст од страница, но друг корисник може да го врати текстот од архивирана верзија на страницата за една минута. Ако некој почне со континуирани напади, ќе биде блокиран од понатамошно уредување од некој од администраторите. Исто така, се прават повремени сигурносни копии на опслужувачите.

Дали спамери можат да рекламираат на Википедија?

уреди
За жал, спамерите често додаваат спам на некои статии. За среќа, било кој може набрзина да врати „чиста“ верзија на истата страница - толку е едноставно што спамот најчесто се елиминира во рок од неколку минути. Видете Помош:Како да вратам статија во претходна верзија за повеќе информации.

Што да правам кога ќе видам плагијат?

уреди
Ако видите статија која вклучува текст или слики без дозвола, или уште полошо, кршење на авторски права - ве молиме кажете ни во страницата за разговор на таа статија. Благодариме.