Википедија:Читателски често поставувани прашања

Помош:Содржина

Читателски ЧПП

Оваа страница за ЧПП обработува некои прашања кои читателите ги имаат кон Википедија.

Како да ја пребарувам Википедија?

уреди
Треба да постои мал простор за пребарување на страна од екранот, обележан со пребарај, по кој следуваат оди и повоторно пребарај. Треба само да напишете што барате во тој простор и да го притиснете копчето ентер. Или, пак, стиснете оди/пребарај. Видете Википедија:Пребарување за повеќе детали.
Исто така, можете да го користите и Гугл (Google) за да ја пребарате Википедија следејќи ја оваа врска. Индексот на Гугл ќе биде донекаде со мината дата, но, бидејќи нивните ботови пребаруваат само на периодична основа може сè уште да не ги опфатат нашите најнови промени (уредувања).
Некои веб прелистувачи дозволуваат пребарување на Википедија преку нивниот бар за URL/Локација, на пример, Konqueror и Firefox. Ова обично се постигнува со отчукување на "wp Главна страница", но може да се смени во согласност со опциите на прелистувачот, ве молиме проверете ја документацијата за тоа дали оваа особина е присутна кај Вашиот прелистувач и како да го конфигурирате.
Доколку, пак, сакате да пребарувате Википедија статии на повеќе јазици, може да пробате со малку познатата, но доста добра повеќејазична пребарувачка алатка за Википедија (моментално оневозможена).

Како да правам истражување со Википедија?

уреди
За ова, можете да видете тука.

Која е лиценцата за содржината на Википедија?

уреди
Сите статии на Википедија се со отворена содржина и се покриени со ГНУ Општа Јавна Лиценца. Видете и Википедија:Авторски права.

Може ли да направам mirror-страница на цели секции од Википедија на мојот сајт? Колку можам да цитирам?

уреди
Можете да правите mirror-страници или да цитирате колку што сакате, сè додека го одржувате текстот под ГНУ Општа Јавна Лиценца (GNU FDL). Видете Википедија:Авторски права.

Како да цитирам Википедија статија во весник?

уреди
Цитирајте ја како што би цитирале било која друга веб-страница во согласност со нормалната цитирачка практика. Цитирањето на индивидуалните автори не е потребно, но би требало барем да ја вклучите датата на која сте ја прочитале статијата.

Видете и Википедија:Цитирање на Википедија.

Зошто некои позадини на некои страници се обоени светлосино, а други бело?

уреди
Енциклопедиските статии имаат бела позадина, додека динамички генерираните специјални страници, страници за разговор, кориснички страници и страници за Википедија имаат светлосина позадина. Ова е вака за полесно да се разликуваат различните страници.

Што треба да правам доколку најдам фактичка грешка во Википедија?

уреди
Треба да ја поправите. Видете Википедија:Често поставувани прашања за соработка. Добротворните придонеси на тие кои веруваат дека знаењето треба да биде слободно за секого ја прават Википедија и заедницата ќе биде секогаш спремна да му посака добредојде на секој кој сака да се придружи.
Бидејќи Википедија е проект кој секој доброволец може да го уредува, грешките или пропустите можат и ќе се случуваат. Ова треба да се има на ум додека се чита; првобитната природа на Википедија значи дека не треба да и се верува целосно. Страниците постојано содржат цитати на авторитативни дела каде читателот може да се увери во пронајдената информација.