Википедија:Избрана статија/2023/53
Византиска морнарица — збирен поим за поморските сили на Византија. Како и на царството кое ја користело, таа била директно продолжување на традицијата на римската морнарица, но имала голема улога во одбраната и зачувувањето на државата за разлика од нејзиниот претходник. Додека флотите на обединетото Римско Царство се соочувале со поголеми морски закани, функционирајќи како полициска силабиле мошне послаби во моќ и престиж од легиите, морето било пак од голема важност за опстанокот на источниот дел на царството, па така некои научници ја нарекуваат и „поморско царство“.
Првата закана за Рим во Средоземјето била заканата од вандалите во V век, но нивната закана била отстрнета во војните на Јустинијан I во VI век. Воспоставувњето на постојано одржувана флота и воведувањето на дромонот галија во тој период го означува моментот кога византиската морнарица почнала да се одвојува од нејзините римски корени и да развива сопствен карактеристичен идентитет. Овој процес ќе се забрза со започнувањето на муслиманските освојувања во VII век. По загубата на Левант а подоцна и Африка, Средоземното Море било трансформирано од „римско езеро“ во поморско боиште меѓу византијците и арапите. Во овие борби, византиската флота била критична, не само за одбранатa на далечните поседи на царството околу Средоземјето, туку и за одбивање на нападите на главниот град. Иако употребата на штотуку измислениот „течен оган“, најстрашното и најпознатото оружје на византиската морнарица, и токму со ова оружје Цариград бил спасен од опсади и во бројни поморски битки биле извојувани победи. (Дознајте повеќе...)