Википедија:Избрана статија/2021/48
Насканска култура — развиена култура на тлото на Јужна Америка, поточно на територијата на денешно Перу. Таа напредувала од I до VIII век покрај сушниот јужен брег на Перу во речната долина од пресушената Рио Гранде де Наска и во долината Ика. Поради влијанието од претходната Паракаска култура која била позната по сложените ткаенини, во насканската култура била создадена палета прекрасни уметнички дела и техники како керамика, текстил и геоглифи (најчесто познати како наскански линии). Тие исто така изградиле и величествен систем на подводни аквадукти, познати како пукиоси, кои и денес се функционални.
Општеството на раната насканска култура била составена од локални поглаварства и регионални центри на моќ кои биле центрирани околу Кахуачи, што претставувало неурбано церемонијално место на ридчиња и брегови. Теориите кои потекнуваат од различни ископувања на Кахуачи се претпоставува дека местото било дом на обреди и гозби кои биле поврзани со земјоделството, водата и плодноста.
Поради екстремната природа на околната животна средина не постои сомневање дека поголем дел од религиозните верувања на Наска се однесувале на плодноста и земјоделството. На голем дел од уметноста од Наска се прикажуваат моќни природни богови како: мистичниот кит убиец, жетварите и мистичната дамчеста мачка, змиулестото суштество и најзастпената од сите обожувани фигури, антропоморфичното мистично суштество. Наските се најпознати по насканските линии, кои се геоглифи со прикази на различни геомтериски и стилски фигури. (Дознајте повеќе...)