Википедија:Избрана статија/2011/45
Алзас — регион во Франција чијашто територија зафаќа површина од 8.280 км2 и со тоа е најмал во континентална Франција. Тој е исто така и еден од седумте најгусто населени региони во Франција и трет по густина на население во континентална Франција, со околу 220 жители на km2 (вкупно население во 2006: 1.815.488; 1 јануари 2008 се проценува на: 1.836.000). Алзас се наоѓа на североисточната граница на западниот брег на горниот тек на Рајна и се граничи со Германија и Швајцарија. Најважен политички, економски и културен центар на Алзас е градот Стразбур кој воедно е и главен и најголем град на регионот. Бидејќи тој град е седиште на десетици меѓународни организации и тела, Алзас политички е еден од најзначајните региони во Европска Унија.
Траги на името „Алзас“ се гледаат во горногерманскиот збор Ali-saz или Elisaz, што значи „туѓо царство“. Алтернативното објаснување потекнува од германското Ell-sass, што значи „сместено на Ил“, река во Алзас. Регионот историски припаѓал на Светото Римско Царство. Постепено се припоил кон Франција во тек на 17 век под власта на кралевите Луј XIII од Франција и Луј XIV од Франција како една од поранешните француски провинции. Алзас честопати се споменува сврзано со Лорена, поради тоа што германската припадност на овие два региона (како империска провинција Алзас-Лорен, 1871–1918) била оспорена во 19 и 20 век, во тек на кои Алзас четири пати во тек на 75 години припаѓал последователно и на Франција и на Германија. (Дознајте повеќе...)