If I Were a Boy“ е поп песна снимена од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс. Компонирана е од Тоби Гад и Биси Џин. Џин веднаш снимила своја верзија на песната, но била одбиена од нејзината снимачка компанија. Ноулс потоа снимила нова верзија за нејзиниот трет студиски албум, I Am... Sasha Fierce (2008). Песната била издадена како водечки сингл ос албумот до радијата во САД на 12 октомври, 2008 заедно со „Single Ladies (Put a Ring on It)“. Шпанската верзија на песната е насловена „Si Yo Fuera un Chico“ и е вклучена во албумот кој се продавал ексклузивно во iTunes Store во Шпанија и Мексико.

„If I Were a Boy“ е поразлична од нејзините претходни песни бидејќи не е традиоционална Р&Б песна. Текстот на песната наведува на изразување на тага поради недоразбирањата меѓу половите и обвинение на машката страна во врската. Песната е единствена на I Am... Sasha Fierce за која Ноулс не помогнала во пишувањето. По нејзиното издавање, „If I Were a Boy“ била генерално добро-прифатена од музичките критичари кои ја пофалиле изведбата на Ноулс, емоционалните и страсните вокали и ја нарекле нејзина најдобра работа до денеска. (Дознајте повеќе...)