Википедија:ВикиПроект Филм/Оценување
Една од задачите на ВикиПроект Филм е оценување на квалитетот и важноста на содржините под нејзин домен. Со ова проектот си помага себеси за да ги препознае одличните содржини и содржините на кои им треба работа, да добие статистичка информација за моменталната состојба на енциклопедиските статии за нејзината област и да ги следи резултатите од својата работа со текот на времето.
- Како се оценува една статија?
Прво, приближно се одредува колкава е важноста на темата. Потоа, се анализира квалитетот на содржината и се споредува со критериумите за квалитет, со што се одредува класата. Потоа се поставува предлошката за класифицирање {{ВПФИЛМ}}
на разговорната страница на статијата. Притоа, оваа предлошка има параметри за класа и важност.
На пример, кај филмска статија за која се утврдило дека е од класа IV за квалитет и од висока важност во склоп на ВикиПроект Филм, на нејзината разговорна страница би се ставила следнава предлошка и параметри: {{ВПФИЛМ|класа=I|важност=висока}}
. Ова автоматски ќе ја стави страницата во соодветни категории за квалитет и важност во склоп на ВикиПроектот.
- Кој може да ги оценува статиите?
Било кој член на ВикиПроектот слободно може да додава и менува оцени за една статија, но притоа треба да се придржува до критериумите за квалитет и критериумите за важност.
Моментална состојба
уредиСтатистика за ВикиПроект Филм | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Статии по квалитет | Статии по важност | ||||||
? ? ? | Вкупно | ||||||
ИС | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | |
ДС | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | |
класа I |
0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | |
класа II |
0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | |
класа III |
1 | 1 | 2 | 2 | 0 | 6 | |
класа IV |
5 | 0 | 2 | 2 | 0 | 9 | |
список | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | |
? ? ? | 0 | 0 | 0 | 0 | 155 | 156 | |
Вкупно | 7 | 1 | 4 | 4 | 155 | 171 | |
Обновете ги статистиките (↻) |
Скала за квалитет
уредиКласа | Критериуми | Доживување на читателот | Совети за уредувачите | Пример | ||
ИС | Избрана статија — Статијата била номинирана и го добила статусот на избрана статија од страна на заедницата.
|
Професионална, извонредна и темелна; дефинитивен извор за енциклопедиски информации. | Не е потребно додавање на содржина освен ако не станат достапни нови информации; понатамошни подобрувања на квалитетот на прозата се секогаш можни. | Ли Куан Ју (заклучно со јуни 2012) | ||
ДС | Добра статија — Потполна, стабилна, добро напишана, доволно точна и проверлива; соодветно обележана по слободна проценка на некој уредувач и дел од Инкубаторот.
|
Корисна за скоро сите читатели, без очигледни проблеми; се приближува (иако не е изедначена) до квалитетот на една професионална енциклопедија. | Потребни се некои уредувања од експерти за темата или за стил; споредба со постоечка избрана статија на слична тема може да покаже одредени области каде што содржината е слаба или недостасува. | Макемаке (заклучно со јули 2012) | ||
I | Полна статија — Статијата е скоро комплетна во однос на содржината и нема некои поголеми проблеми, но има потреба од дополнителна работа за да ги исполни стандардите за добра статија.
|
Читателите се задоволени, но содржината можеби не е доволна да задоволи еден сериозен ученик, студент или истражувач. | Потребно е уредување од експерт на темата. Содржината на статијата може да биде збогатена со илустрации, историска позадина и дополнителни наводи. Можно е да има неколку проблеми во содржината и стилот кои треба да бидат решени. Ако статијата не е потполно или соодветно викифицирана, сега е моментот да се реши тоа. | Второ Бугарско Царство (заклучно со јули 2012) | ||
II |
Развиена статија — Статијата има доста содржина, но сè уште ѝ недостасуваат важни информации и/или има многу неважен материјал. Таа треба да има извори до веродостојни извори, но сè уште може да има значајни проблеми или да има потреба од значително расчистување. Статијата е подобро развиена во стил, структура и квалитет од класа III, но ѝ недостасуваат некои од критериумите за класа I. Може да има празнини или да има недостиг на елементи; има потреба од уредување за разјаснување, рамнотежа или леснотија на читање; може да има нарушувања на одредени начела, како на пример пристрасност, свое истражување или пишување од перспектива на фиктивен универзум (на пример, во статии за научно-фантастични дела). |
Корисна за обичниот читател, но не може да ја даде комплетната слика ниту за едно средно детално истражување. | Потребно е значајно уредување за да се затворат недостатоците во содржината и да се решат проблемите кои бараат внимание. | Катерина Арагонска (заклучно со мај 2012) | ||
III |
Статија во развој — Статија која се развива, но која сè уште не е комплетна и која бара дополнителни веродостојни извори. Статијата има некои добри информации, но е слаба во многу области. Квалитетот на прозата можно е да е значително неенциклопедиски, а придржувањето кон ПзС да е непостоечко. Сепак, статијата треба да задоволи одредени основни начела, како значајност и БЖЛ, а и да нуди извори за да биде проверлива. Статиите во оваа класа не треба да се во опасност од брзо бришење. |
Нуди некои корисни информации, но мнозинството читатели ќе сакаат повеќе. | Давањето на наводи до веродостојни извори треба да биде приоритет; на статијата ќе ѝ требаат и значителни подобрувања во содржината и организацијата. | Ботаника (заклучно со јули 2012) | ||
IV |
Никулец — Многу основен опис на темата. Статијата е или многу кратка, или е груба збирка на информации на која ќе ѝ треба многу работа за да стане статија со смисла. Обично е многу кратка, но ако материјалот е неважен или неразбирлив, тогаш статија од каква било должина припаѓа на оваа категорија. |
Нуди многу малку корисни информации; може да биде и малку поголема од обична дефиниција во речник. | Какво било уредување или дополнителен материјал би биле корисни. Додавањето на значајна содржина треба да биде приоритет. | Човечка глава (заклучно со јули 2012) | ||
Список | Список — статија чија основна содржина е список кој се состои од врски до статии од областа на одредена тема. | Нема дефиниран формат за сите списоци, но нејзината организација треба да биде логична и корисна за читателот. | Списоците треба да бидат збирки од врски до статии на Википедија, соодветно именувани и организирани. | Список на англиски монарси (заклучно со мај 2012) |
Скала за важност
уредиВажност | Критериуми | Пример |
Врвна |
Темата е исклучително важна, дури и пресудна, за нејзината специфична област. Таа е од голем интерес и кај непрофесионалци во полето. Обично станува збор за голема тема со повеќе поврзани статии. Ваква тема е задолжително застапена во една печатена енциклопедија. | Македонија или Македонски јазик |
Висока |
Темата е очигледно значајна. Таа е интересна за, или ги погодува, многу од просечните читатели. | Денес над Македонија или Охридско Езеро |
Средна |
Темата е од нормален приоритет и е значајна само во нејзиното поле на изучување. Добра статија на тема од средна важност би била корисна или интересна на многу читатели. | Македонско-американски односи |
Ниска |
Темата е главно од специјален интерес, нуди тривијално знаење, или не е многу значајна дури и во нејзиното поле на изучување. Може да биде дел од многу поголема статија, или пак да е многу слабо поврзана со полето на изучување. | Македонски куп во фудбал 2011-12 |