Виз Халифа

(Пренасочено од Виз Калифа)

Камерон Џибрил Томаз (англиски. Cameron Jibril Thomaz; 8 септември 1987), познат по своето уметничко име Виз Халифа[1] (англ. Wiz Khalifa) — американски рапер, текстописец и глумец. Својот дебитантски албум Show and Prove го издал 2006 година, а веќе 2007 година потпишал со издавачката куќа Warner Bros Records. Неговиот сингл,„Say Yeah“, добил големо радијско внимание и стигнал на Rhythmic Top 40 и Hot Rap Tracks листата во 2008. години.

Виз Халифа 2012.

За времето со издавачката куќа Warner Bros. Records го издал својот втор албум „Deal or No Deal“, во ноември 2009 година. Во април 2010 година го издал мисктејпот „Kush and Orange Juice“ кој бил бесплатен за преземање од интернет. После тоа потпишал со издавачката куќа Atlantic Records . Многу е познат по својот дебитантски сингл за издавачката куќа Atlantic Records,[2]Black and Yellow“ кој стигнал на 1 место на Billboard Hot 100. Неговиот дебитантски албум за оваа куќа бил Rolling Papers кој бил издаден 29 март 2011 година. Тој албум е попратен со албумот O.N.I.F.C (анг. Only Nigga In First Class, мак. Единствен Црнец Во Првата Класа) кој е издаден на 4 декември 2012 година, со познатите синглови "Work Hard, "Play Hard" и "Remember You".

Детство

уреди

Виз Халифа е роден во Мајот во Северна Дакота во Соединетите Американски Држава 8 септември 1987 година од мајката и таткото кои служеле во војска. Родителите се развеле кога имал околу 3 години. Службата на неговите родители во војската предизвикало Виз Халифа често да се сели.

Живеел во Германија, Велика Британија и Јапонија пред доаѓањето во Питсбург, каде учел во “Taylor Allderdice” средното училиште.

Неговото уметничко име настанало од зборот wisdom (мак. „мудрост“, односно првите три бувки wiz - како мал го нарекувале „Young Wiz“ бидејќи бил успешен во сè што правел) и арапскиот збор Khalifa (анг. successor, мак. наследник), така го нарекувал неговиот дедо кој бил муслиман. Виз Халифа на својот 17 роденден направил тетоважа од своето уметничко име. Неговите музички идоли биле Џими Хендрикс, Camp Lo, The Notorious B.I.G. и Bone Thugs-n-Harmony.

Личен живот

уреди

Виз почнал да се гледа со моделот Амбер Роуз во почетокот на 2011 гоидна. Парот се верил на 1 март 2012. година. Имаат син Себастијан кој е роден на 21 февруари 2013 година.

Виз Халифа матурирал во средното училиште „Тејлор Алдердис“ и во јануари 2012 купил куќа во близина на Кенонсбург во Пенсилванија

Халифа е отворен во врска со своето користење на канабис (марихуана), исто и потврдил во многу интервјуа дека троши 10.000 $ месечно на канабис и дека го користи на дневна база.

Наводи

уреди
  1. Од арапска транскрипција (потеклото) — Халифа. Од англиски — Калифа.
  2. „Rising rap Wiz kid's got the right mix“. Boston Herald('the edge' Boston Herald.Com). August 6, 2010. Архивирано од изворникот на 2012-10-04. Посетено на August 8, 2010.

Надворешни врски

уреди