Мојот сосед Тоторо

Мојот сосед Тоторо (јапонски: となりのトトロ, англиски: My Neighbor Totoro) — фантастичен јапонски филм од 1988 година напишан и режиран од Хајао Мијазаки во продукција на Студио Гибли. Филмот го следи животот на двете мали ќерки на еден професор и нивното другарување со пријателски настроените шумски духови во земјоделска Јапонија. Филмот ги освои наградате Animage Anime Grand Prix и Mainichi Film Award за најдобар филм на 1988 година.

„Mојот сосед Тоторо“
РежисерХајао Мијазаки
ПродуцентЈасујоши Токума
СценаристХајао Мијазаки
Главни улогиЧика Сакамото
Норико Хидака
Хитоши Такаги
МузикаЏо Хисаиши
КинематографијаХисао Шираи
МонтажаТакеши Сејама
ДистрибутерТохо
Премиерааприл 16 1988 (1988-04-16)
Времетраење86 минути
ЗемјаЈапонија
Јазикјапонски

Необичајното суштество Тоторо по овој филм стана заштитен знак на Студио Гибли. Мијазаки изјавил дека приказнава всушност темели на неговото детство, кога му се разболела мајката и морала да оди во болница. Заедно со „Патување со душите“ се наоѓа на топ 50 списокот на филмови кое секое дете треба да ги погледа. Музиката за Мојот Сосед Тоторо како и за останатите филмови на Мијазаки е компонирана од Џо Хисаиши.

Кратка содржина уреди

Ова е приказна за тоа како две девојчиња, Меи и Сацуки, се сретнале со духовите чувари на шумата. Заради болестта на мајката семејството се преселува на село и двете девојчиња постепено почнуваат да го откриват Новиот Свет ним непознат — селската куќа, дворот и соседството. Куќата е толку стара што наскоро би распаднала. Дури и во неа има духови - мали купчиња прашина наречени сусуватари. Додека мајката е болна, сета работа дома паѓа на најстарата ќерка Сацуки. Помалата и немирна сестра Меи заследува малечок шумски дух кој, не сакајќи, ја одведува кај поголем дух, а потоа и кај огромниот Тоторо — чуварот на шумата кој живее во близина.

На девојчињата им дава дава мал подарок од бамбусови лисја во кој се наоѓаат семиња. Заедно ги посадуваат семињата во градината, а ноќе Тоторо им помага да раснат и пораснат во огромни дрва.

Еден ден од болницата соопштуват дека мајката не ќе може да си дојде дома за време на викендот. Вознемирената Меи се отправува сама на пат во посета на мајка си, но го згрешува патот. Тоторо и помага да се најде со постарата си сестра. Катбус ги носи девојчињата во болницата Ситикоку кај мајка им, каде увидуваат дека со неа е сè во ред.

Улоги уреди

  • Сацуки Кусакабе — Норико Хидака;
  • Меи Кусакабе — Чика Сакамото;
  • Тацуо Кусакабе — Шигесато Итои;
  • Јасуко Кусакабе — Суми Шимамото;
  • Тоторо — Хикоши Такаги;
  • Катбус — Наоко Тацука;
  • Бабичка — Тани Китабајаши;
  • Канта Окаги — Тошијуки Амагаса;

Интересни факти уреди

  • Тоторо се појавува како плишена играчка во филмот Toy Story 3 на студио Pixar.
  • Тоторо е присутен во X и XII епизода од XI сезона на Саут Парк е иста сцена како сцената кога Меи се запознава со Тоторо.
  • Во еден од другите филмови на Мијазаки Поњо е сцена каде што Лиза ја пее основната мелодија „Тоторо“.
  • Протагонистот од серијата „Самурај Џек“ во XXXIII епизода се сретнува со Тоторо - премногу прејателско суштество кое се вмешува во секој негов потег.

Надворешни врски уреди