Служба за испорака на Кики
Служба за испорака на Кики (魔女の宅急便 , Majo no Takkyūbin, преведено „Испораката на вештерката“) е јапонски анимиран фантастичен филм од 1989 година напишан, режиран и продуциран од Хајао Мијазаки. Кики е четвртиот театрално издаден Гибли филм.
„Служба за испорака на Кики“ | |
---|---|
Режисер | Хајао Мијазаки Сунао Катабучи |
Продуцент | Хајао Мијазаки Тору Хара |
Сценарист | Нобујуки Ишики (оригинално сценарио) Хајао Мијазаки засновано на книгата од Еико Кадоно |
Главни улоги | Минами Такајама Реи Сакума Капеи Јамагучи |
Музика | Џо Хисаиши |
Кинематографија | Шигео Сугимура |
Монтажа | Такеши Сејама |
Студио | Студио Гибли |
Премиера | 29 јули 1989 |
Времетраење | 102 минути |
Земја | Јапонија |
Јазик | Јапонски |
Буџет | ¥800,000,000 (estimated) $6,927,244.46 |
Бруто заработка | Јапонски јен ¥2,170,000,000 Американски долар $18,172,849.38 |
Филмот ја освои наградата Animage Anime Grand Prix во 1989. Испораката на Кики е малку заснован на истоименуваниот роман на Еико Кадоно. Според Мијазаки филмот се допира до препадот кој постои меѓу независността и увереноста на јапонските тинејџерки. Ги надминува темите околу растењето на секој поединец, се занимава со суштината на креативността и талентот, и тешкотиите со кои секој човек се соочува во процесот на откривајки се себеси, дали преку среќа, напорна работа или доверба. Филмот бара одговор на истите прашања кои се подоцна застапени во Шепот на срцето.
Служба за испорака на Кики беше првиот филм на Студио Гибли објавен под партнерството Дизни/Студио Гибли.
Кратка содржина
уредиКики е 13-годишна вештерка-во-обука која живее во село каде мајка и е главна и единствена билкарка. По традиција секоја вештерка штом наполни 13 години треба да живее сама за една година. На почетокот на приказнава Кики го напушта својот дом и тргнува да бара нов дом во нов град со својот најдобар пријател Џиџи, говорлив црн мачор. Заедно патуваат јавајќи ја метлата на Кики сè додека не пристигнат во Корико, убав град покрај морето. По напорниот и непријатниот почеток, главно заради сопствена несигурност, Кики наоѓа пријатели и место престој. Нејзина единствена вештина е леатње на метла, но дури и тука не е толку умешна. Со цел да се издржува себеси започнува работа како испорачателка.
Ликови
уредиКики е 13-годишна вештерка; е оптимистична, искрена и малку наивна.
Џиџи е миленичето на Кики и нејзиниот најдобар пријател. Тој е нејзиниот единствен сопатник на патот за Корико.
Томбо е момче кое живее во Корико и обожува да лета.
Урсула е млада сликарка која живее сама во шума близу Корико.
Господин и госпоѓа Осино се маж и жена, сопственици на пекарна во Корико. Госпоѓа Осино е првата вистинска пријателка на Кики во Корико.
Кокири е вештерка, билкарка и мајка на Кики.
Окино е таткото на Кики кој па за разлика од ќерка си и жена си не е магионичар.
Мадам е една од првите клиенти на Кики.
Улоги
уреди- Кики — Минами Такајама;
- Џиџи — Реи Сакума;
- Осоно — Кеико Тода;
- Урсула — Минами Такајам;
- Томбо — Капеи Јамагучи;
- Пекачот — Коичи Јамадера;
- Кокири — Миеко Нобусава;
- Окино — Коичи Миура;
- Мадам — Харуко Като;
- Берта — Хироко Секи;
- Постара Вештерка — Ѕуко Кобајаши;