Весна Томовска
Весна Томовска Скопје, 1960 — македонски класичен филолог, редовен професор на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје.[1].
Весна Томовска | ||
Родена | 1960 Скопје, Социјалистичка Федеративна Република Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | класичен филолог, универзитетска професорка |
Животопис
уредиПроф. д-р Весна Томовска е родена 1960 година во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за класични студии (1984), а магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград на Катедрата за класични науки (1994) со магистерскиот труд под наслов „Еурипид код Аристофана у комедији Жабе“, изработен под менторство на проф. д-р [[ Мирон Флашар. Докторската дисертација „Хорот и хорската лирика во грчката трагедија“, изработен под менторство на проф. д-р [[Елена Колева, ја одбранила на 3.7.2003 на Филозофскиот факултет во Скопје. Од мај 1985 до септември 1986 год. работела како приправник на ННСГ за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје.
Во септември 1986 година била избрана во звањето помлад асистент по предметите: Историја на грчката и Историја на римската литература на Филозофскиот факултет во Скопје. Во октомври 1994 год. била избрана во звањето асистент по предметот Античка литература I (двогодишен курс од следните области: античка поетика, античка лирика и античка драма). Во февруари 2004 год. била избрана за доцент по предметите: Античка литература III (античка поетика и античка лирика) и Античка литература IV (античка драма и античка реторика).
Со воведувањето на ЕКТС на Филозофскиот факултет во Скопје и со редизајнирањето на студиската програма на Институтот за класични студии од октомври 2004 година д-р Весна Томовска држи предавања и вежби по следните (едносеместрални) предмети: Античка лирика, Писменоста во антиката, Античка драма, Античко говорништво, Античка поетика, Античка реторика, Книжевна анализа на латински текстови (римска лирика, драма и говорништво), Книжевна анализа на старогрчки текстови (хеленска лирика, драма и говорништво). Во декември 2008 година била избрана во звањето вонреден професор за научните области (дисциплини): Старогрчка и римска литература и Теорија на книжевност на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје. Во ноември 2013 година била избрана во звањето редовен професор за научните области (дисциплини): класична филологија (вовед во класична филологија, книгата во антиката), историја на старогрчката книжевност, историја на римската книжевност (античка лирика, античка драма), теорија на книжевноста (античка реторика, античка поетика, византиска реторика) на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје.
Од 2005 до 2009 година била раководител на постдипломските студии по класична филологија на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје. Од 2013 до 2017 и од 2017 е раководител на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје.[2],[3].
Библиографија
уредиНаучни трудови (избор)
уреди• Женското писмо на Овидиј што недостасува во трагедијата на [[Еврипид/ The Ovid’s Female Letter Missing from Euripides’ Tragedy. Годишен зборник на филозофскиот факултет во Скопје 71, 2018. 171-188.
• Античка драма. (Во коаврорство со Даниела Тошева). Скопје, 2018. стр. 286.
• Plato’s Smoking Pipe, or on a Metaleptic Situation
• Studia Classica Anniversaria, Прилози од меѓународната научна конференција одржана по повод 70 години од Институтот за класични студии 22-23 ноември 2016, Скопје. Скопје: Филозофски факултет, 2017. 363-374.
• Хорот и хорската лирика во хеленската трагедија. Филозофски факултет, Скопје, 2017. стр. 285.
• Анабаса како парадигма на историографијата на Ксенофонт. Во: Ксенофонт, Анабаса. Превод од старогрчки јазик и белешки Душан Боцески. Македоника литера, Скопје, 2016. стр. 5-16.
•Писмо од [[Платон, или за философијата и политиката во реторичка перспектива. Филозофска трибина, 2016. , 39, бр. 19. Скопје, 2016. 45-61.
• Смешна реторика. Научна работилница “Сите лица на смешното”. Скопје 11 мај 2012. Зборник на трудови, Скопје, 2013. стр. 119-125.
• Античка реторика. Магор, Скопје, 2013. стр. 324.
• Реториката на Аристотеловата Поетика, Ziva Antika , Monographs No 10, Ad perpetuam memoriam Michaelis D. Petrusevski(ed. P. Hr. Ilievski, V. Mitevski, R. Duev), Skopje, 2012, 257-270.
• Платоновата поетика на имињата, Прилози на МАНУ, Одделение за лингвистика и литературна наука, 35. 2. Прилози посветени на Академик Петар Хр. Илиевски, Скопје, 2010, 137-149.
• Demokritov entuzijazam. Lucida intervalla, Beograd, 2010. br.39. 3-23 (so Divna Soleil)
• Пиндар ретор. In: Musarum semper amator. Studia Classica Serdicensia. Софиа, 2010. p. 366-74.
• Класичната култура во европската цивилизација, учебник за 5 одд., изборен предмет за основно образование. Министерство за образование и наука на Република Македонија, Скопје, 2010. (во соавторство со Весна Димовска).
• Democritus’ enthusiasmos. Aeternitas antiquitatis. Proceedings of the Symposium held in Skopje, August 28. Skopje 2010. p. 60-66.
• Одисејата на Одисеј. Во: Хомер, Одисеја. Од старогрчкиот оригинал превел и препеал Михаил Д. Петрушевски. Магор, Скопје, 2008. стр. 9-16.
• Поимник на книжевната теорија, прир. Ката Ќулафкова. МАНУ, 2007.
• Антистрофа (37)Античка драма (41-48)Антички книжевни теории(50-53)Античка поетика (48-50)Епиграм (153-155) Епиникија (159)Јампска поезија (240) Лирика (289-291)Лирски видови (291-292)Мелика (309)Ода (389-390)Химна (608-610)Хорска лирика(614-616).
• Реториката во романот “Метаморфози” од Апулеј. Научна работилница “Метаморфози и метатекстови”. Скопје 11 мај 2007. Зборник на трудови, Скопје, 2008. стр. 65-72.
• Поетот и победникот во Пиндаровите епиникии. Годишен зборник на филозофскиот факултет во Скопје 59, 2006. 327-334.
• TECNH у расправи “О Узвишеном“. Sobria ebrietas у спомен на Мирона Флашара. Београд, 2006. 389-397.
• Усната книжевна комуникација и хеленската драма. Зборник на трудови од научниот собир “Класика – Балканистика – Палеославистика”, МАНУ Скопје 18-19 ноември 2005. стр. 121-131.
Преводи на дела од антички автори од старогрчки на македонски јазик
уреди• Деметриј, За јазичниот израз. Превод од старогрчки јазик, предговор, белешки, коментари и индекс на поими Весна Томовска. Три, 2016. стр. 165.
• Платон, Писма. Превод од старогрчки, предговор, коментари и белешки Весна Томовска. Магор, 2015. стр. 176.
• Аристофан, Жаби, Лисистрата. Превод од старогрчки, белешки и коментари: Весна Томовска. Птици, Облаци. Превод од старогрчки, белешки и коментари: Даниела Тошева. Аристофановиот комедиографски експеримент (поговор): Весна Томовска. Проект „Ѕвезди на светската книжевност“ Министерство за култура на Република Македонија, 2013. стр. 479.
• Аполодор, Библиотека. Превод од старогрчки јазик, предговор, белешки и коментари: Весна Томовска. Македенска реч, 2009. стр. 217.
• Платон, Кратил. Превод од старогрчки, коментар и белешки Весна Томовска. Магор, 2006. стр. 124.
• Псевдо Лонгин, За возвишеноста. Превод од старогрчки, белешки и коментари: Весна Томовска. Магор, Скопје, 2004. стр. 136.
• Аристотел, Реторика. Превод од старогрчки, предговор, белешки и коментари: Весна Томовска. Македонска книга, Скопје, 2002. стр. 356.
• Аристофан, Жаби. Превод од старогрчки, предговор и коментар: Весна Томовска. Табернакул, Скопје, 2000. стр. 245.