Венчи е италијански производител на чоколада која што е основана од чоколадарот Силвијано Венчи.[1] По нејзиното основање во Торино во почетокот на 1878 година, компанијата се проширила низ Италија со својот Нугатин, мали бонбони кои се направени од мелени и карамелизирани лешници обложени со темно чоколадо.

Уличен штанд на Венчи

За производство на своите различни чоколади, Венчи користи какао со потекло од плантажи во Средна Америка, Јужна Америка и Африка заедно со дестилиран рум од Карибите и природна ванила .Се тврди дека пиемонтските лешници го спречуваат чоколадото да има кисел вкус.[2]

Компанијата започнала да произведува сладоледи во 2006 година, а работи и со приближно 120 продавници во повеќе од 70 земји.[3]

Награди

уреди

Во октомври 2004 година, Чокавијарот на Венчи бил награден со златна награда на фестивалот Еврочоколадо во Перуџа.[4]

Наводи

уреди
  1. „Learn More about Venchi Italian Chocolate History“. Venchi Chocolate USA (англиски). Посетено на 2020-07-01.
  2. „Nocciole e pistacchi sempre più cari. Ma Venchi li vuole solo italiani e Igp“. lastampa.it (италијански). 2020-01-13. Посетено на 2020-07-01.
  3. „Andrea Guerra investe nel cioccolato e diventa socio di Venchi“. la Repubblica (италијански). 2020-04-23. Посетено на 2020-07-01.
  4. Bocca, Claudia (2011-01-28). Torino capitale (италијански). Newton Compton Editori. ISBN 978-88-541-2903-0.

Надворешни врски

уреди