Велтшмерц
Велтшмерц (герм. Weltschmerz - светска болка). Со него се означува меланхолично-песимистичкото доживување на светот кое е карактеристично за книжевниот романтизам, проткаен со неодредено мечтаење и незадоволство, како и замореност од животот како производ на нехармонијата на личните и општествени интереси, сонот и стварноста[1][2]. Се јавува како култ кон болката и израз на поетскиот став дека за злото во светот не постои лек. Врвен литературен израз на велтшмерцот се среќава кај Лорд Бајрон, Џакомо Леопарди, Хајнрих Хајне и други поети.
Наводи
уреди- ↑ „Weltschmerz | Romantic literary concept“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2020-10-06.
- ↑ Georg Büchmann (1898). Geflügelte Worte. Der Citatenschatz des deutschen Volkes. Haude & Spener'sche Buchhandlung (F. Weidling). стр. 223–224. Архивирано од изворникот на 2013-05-29. Посетено на 2022-01-31.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |