Веле Алексоски
Веле Алексоски (род. 25 мај 1942 во Рилево, Прилепско) — македонски писател, уредник и еден од основачите на неделникот „Македонско сонце“.[1]
Веле Алексоски | |
---|---|
Роден/а | 25 мај 1942 Рилево, Македонија |
Занимање | Писател |
Јазик | Македонски јазик Француски јазик |
Националност | Македонец |
Народност | Македонец |
Образование | д-р. на Историски науки |
Животопис
уредиАлексоски основно образование завршил во родното село Рилево. Средното образование го продолжува во економското училиште во Прилеп.Студирал на Виша педагошка академија, група француски јазик и Филолошки факултет, група француски јазик и литература. Работел како професор по француски јазик во Градско и Велес. Постдипломски студии завршува во 1986 година на универзитетот 2 во Стразбур на тема „Историја и цивилизации на Југоисточна Европа“. Докторирал во јуни 1988 година на истиот универзитет на тема „Француската источна армија и македонското национално прашање -1915/1919 година и се стекнува со звање Доктор на историски науки. Потоа бил наставник во дополнително македонско училиште во Франција. На факултетот за историски науки при Универзитетот 2 во Стразбур завршил постдипломски студии: „Историја и цивилизации на Југоисточна Европа“. Во јуни 1988 година ја брани докторската теза: „Француската источна армија и македонското национално прашање 1915/19 година. Престојувал и во Германија.
Веле Алексоски е еден од основачите на неделникот „Македонско сонце“ а бил и негов главен и одговорен уредник. Во својство на претседател на Светскиот македонски конгрес за Европа бил ангажиран и учствувал на митинзи организирани во поголемите европски градови за признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име.
Има издадено повеќе трудови на Француски јазик од филолошка проблематика, написи на Германски јазик со национална историска тематика, а во 1993 година ја издава книгата „Вистината за Македонија низ француската историографија“.
Во 2019 година добитник е на наградата за животно дело „Коле Неделковски“ што му ја додели клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, во соработка со Општина Велес.[1]
Учествува на многу културни манифестации и литературни читања во градот и државата.[2] Член е на Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес . Свои настапи има и на Детските Рацинови средби во поетските каравани во основните училишта во Велес.
Творештво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Веле Алексоски (биографија)“. Агенција за иселеништво на Р Македонија. Архивирано од изворникот на 2016-08-04. Посетено на 2016-10-03.
- ↑ „Vele Aleksoski: Vistinata za Makedonija niz francuskata istoriografija (ćirilica) - s potpisom Veleta Aleksoskog“. www.crveniperistil.hr (хрватски). Посетено на 2024-01-19.
- ↑ Aleksoski, Vele (2010). "Svetskata kasapnica" vo Makedonija: 1914-1918. Međunaroden centar za slavjanska prosveta. ISBN 978-608-65051-7-2.
- ↑ „„Во одбрана на македонскиот идентит" шеста книга на д-р Веле Алексоски - ДУМА.мк“. 2013-08-22. Посетено на 2024-01-19.